Тестирајте се низ 10 кратки прашања – дали го владеете македонскиот правопис?
Правилното пишување на зборовите во голема мера зависи и од едначењето по звучност на согласките во македонскиот стандарден јазик. Така, во согласност со правилата за едначење постои дилема за тоа како се пишуваат некои зборови.
Општото правило за едначење по звучност гласи дека кога во зборот ќе се најдат две согласки една до друга, различни по звучност, тие се изедначуваат — или двете стануваат звучни или двете безвучни.
Едначењето на звучноста се врши според втората согласка. Сепак, како и во сè друго, и во македонскиот јазик има поголем број отстапки, па оттука настануваат и поголем број дилеми.
Во продолжение проследете десет зборови и погодете како правилно се пишуваат:
1. Градски или гратски
2. Средство или сретство
3. Соседство или сосетство;
4. Врабче или врапче
5. Лебче или лепче
6. Снегче или снекче
7. Крадци или кратци
8. Подсвест или потсвест
9. Предчувство или претчувство
10. Бессмртен или бесмртен