Тестирајте се низ 10 кратки прашања – дали го владеете македонскиот правопис?
По правило согласката „д“ не се едначи кога ќе се најде пред наставките: -ски, -ствен, -ство,-ствува, па оттука решението на првите три примери е:
1. Градски, (но град+че=гратче);
2. Средство;
3. Соседство;
Кога ги формираме деминутивите од „врабец“, „леб“ и од „снег“, пред наставката –че е потребно да се направи едначење по звучност, па така следните три примери се пишуваат како:
4.Врапче;
5. Лепче;
6. Снекче;
Од правилото за едначење по звучност се отстапува и кога треба да се прави едначење пред „ц“ на граница на основата и множинската наставка –и, па затоа одговорот на следното прашање е:
7. Крадци;
Кога зборовите се префиксираат, односно кога префиксот завршува со звучна согласка, а зборот започнува со безвучна, тогаш треба да се направи едначење по звучност па оттука:
8. Потсвест;
9. Претчувство;
Кога префиксите што завршуваат на согласка (зад-, над-, од-, под-, пред-, без-, из-, раз-) ќе влезат во состав со збор што почнува со истородна согласка, настануваат два случаја.
А. Во некои случаи се пишуваат удвоено: оддели, поддава, раззелени, оттука, поттикне, бессовесен…
Б. Во некои случаи се пишува само една согласка: одамна, бесмислен, бесмртен, бестрашен, исее, исекне, исели, исече, раседла, расели, расоли, расони, па оттука решението на последното прашање е:
10. Бесмртен.
Б. С. Б. | Црнобело/ фото: freepik.com