Тест по македонски правопис низ 10 примери: Ги пишувате ли правилно зборовите образувани од глаголи?
Одречната честичка ‘не’ се пишува секогаш разделено од формите на глаголот, па оттука:
1. Не може;
2. Не сакам;
Глаголските именки и глаголските придавки со одречната честичка ‘не’ кај кои таа доаѓа како префикс се пишуваат слеано, па оттука:
3. Непознавање;
4. Неодење;
Слеано се пишуваат и глаголите во кои ‘не-’ е дел од основата на глаголот, па оттука:
5. Недогледува;
Глаголските состави со фразеологизирано значење, образувани од два подредени или спротивставени глаголи (глаголски форми) се пишуваат со цртичка, па оттука:
6. Кажи-речи;
Одречната честичка ‘не-’ секогаш се пишува одвоено од формите на глаголот, па и кога се работи за глаголска придавка, па оттука:
7. Не знаејќи:
8. Не сакајќи;
Сложените глаголи кај кои првиот дел е заменскопридавската форма ‘сам-о’ се пишуваат слеано, па оттука:
9. Се самозаштити;
10. Се самокритикува.
Б. С. Б. | Црнобело