Тест по македонски правопис низ 10 примери: Ги пишувате ли правилно зборовите образувани од глаголи?

Одречната честичка ‘не’ се пишува секогаш разделено од формите на глаголот, па оттука:

1. Не може;

2. Не сакам;

Глаголските именки и глаголските придавки со одречната честичка ‘не’ кај кои таа доаѓа како префикс се пишуваат слеано, па оттука:

3. Непознавање;

4. Неодење;

Слеано се пишуваат и глаголите во кои ‘не-’ е дел од основата на глаголот, па оттука:

5. Недогледува;

Глаголските состави со фразеологизирано значење, образувани од два подредени или спротивставени глаголи (глаголски форми) се пишуваат со цртичка, па оттука:

6. Кажи-речи;

Одречната честичка ‘не-’ секогаш се пишува одвоено од формите на глаголот, па и кога се работи за глаголска придавка, па оттука:

7. Не знаејќи:

8. Не сакајќи;

Сложените глаголи кај кои првиот дел е заменскопридавската форма ‘сам-о’ се пишуваат слеано, па оттука:

9. Се самозаштити;

10. Се самокритикува.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Брз тест по македонски јазик: Кои зборови се пишуваат разделено, а кои не? Дали знаете како е правилно – сеуште или сè уште? А, дали е правилно многуброен ...
Правописен квиз: Ги правите ли и вие овие чести правописни грешки? Дали е правилно „ресторант“ или „ресторан“, „циркуз“ или „циркус“? Дали е пра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg