Тест по македонски правопис низ 10 примери: Ги пишувате ли правилно зборовите образувани од глаголи?
Како е правилно: несакам или не сакам? Дали правилно ги пишувате глаголите и зборовите образувани од глаголи во македонскиот јазик?
Се чини дека голем број од нас имаат проблем со пишувањето на глаголите и зборовите образувани од глаголи во македонскиот јазик и тоа особено кога треба да се додаде негацијата „не“ или при формирањето на глаголските придавки и глаголските именки.
Од тие причини направивме брз тест по правопис што ќе ви помогне да се тестирате, но и да научите нешто ново.
Како се пишува правилно?
1. Не може или неможе;
2. Несакам или не сакам;
3. Не познавање или непознавање;
4. Не одење или неодење;
5. Не догледува или недогледува;
6. кажи речи или кажи-речи;
7. Незнаејќи или не знаејќи;
8. Не сакајќи или несакајќи.
9. Се само заштити или се самозаштити;
10. Се самокритикува или се само критикува;