Тест за паметни
Подолу се наведени 4 прашања и едно бонус прашање. Мора одма да одговорите на нив. Не смеете да одолговлекувате, одговорете веднаш. Ајде да видиме...
...колку сте навистина паметни. Подготвени?
Прво прашање: Учествувате во трка. Го престигнувате вториот. На кое место сте вие сега?
.....
.....
.....
Одговор: Ако одговоривте дека сте први, не сте во право. Ако го престигнете вториот и го заземете неговото место, тогаш вие сте втор! Обидете се да се покажете на второто прашање.
За да одговорите на второто прашање, немојте да размислувате толку долго како кај првото прашање.
Второ прашање: Ако го престигнете последниот, тогаш сте?
....
....
....
Одговор: Ако одговоривте дека сте претпоследни, тогаш повторно не сте во право. Како би можеле да го престигнете последниот?
Не сте баш добри во ова?
Трето прашање: Многу зезната математика. Ова мора да го направите без дигитрон и без пенкало, молив.
Земете 1000 и додајте 40. Сега додадете уште 1000. Па додајте уште 30. Додадете уште 1000. Сега додајте уште 20. А, сега додадете уште 1000. И на крај додадете уште 10. Колку е ова вкупно?
....
....
....
Дали добивте 5.000?
....
....
....
Точниот одговор е всушност 4.100. Не верувате? Проверете со дигитрон.
Ајде пробајте да одговорите точно на следното прашање.
Четврто прашање: Таткото на Марија има 5 ќерки: 1. Нана 2. Нене 3. Нини 4. Ноно. Како се вика 5-тата ќерка?
Одговор: Нуну?
Не. Нејзиното име е Марија. Прочитајте го прашањето повторно.
И уште бонус прашањето: Нем човек сака да купи четка за заби. Имитирајќи ги движењата на четкање заби, успева да му објасни на продавачот што сака да купи. Ако слеп човек сака да купи очила за сонце, како ќе го објасни ова на продавачот?
....
....
....
Одговор: Само ќе отвори уста и ќе си каже, зар не?