Каква личност сте во кревет?
Неблагодарно е да ги ставаме луѓето во категорија, особено кога станува збор за сексот, но врз основа на некои карактеристики во поголем...
...број случаи може да се заклучи кој е каков во креветот. Не мора да се сложите со ова подолу, но можеби и ќе се пронајдете.
Откријте на кој тип личност припаѓате во креветот.
1. Личност тип А
Карактеристики: Вие сте зависни од работа, нетрпеливи, мултитаскинг, опседнати со рокови, склони кон контролирање, натпреварувачки дух, амбициозни, агресивни и тешко се опуштате.
Веројатно – настојувате да бидете перфекционист што го става партнерот пред ѕид бидејќи не е во состојба да ги задоволи вашите „стандарди“. Лесно се нервирате и често сте непријателски расположени заради ситници.
Во креветот сте склони:
- Да викате „Побрзо“, „Посилно“, „Не престанувај!“
- Очајнички се обидувате да се докажете во кревет. Тоа е показател на несигурноста.
- Секогаш сакате да сте на врвот – во секоја смисла на зборот.
2. Личност тип Б
Карактеристики: Трпеливи сте, опуштени, никогаш не брзате и не се нервирате.
Веројатно – Индиферентни сте кон она што се случува околу вас и кон „лидерите“ во друштвото. Ве задоволува само тоа да кимнете со глава по потреба – и најверојатно сте идеален тимски играч на работа.
Во креветот сте склони:
- Да шепотите: “Убаво беше“.
- Избегнувате да сте горе.
- Лесно се прилагодувате.
3. Личност тип АБ:
Карактеристики: Вие сте необична мешавина од двете личности погоре. Во еден момент превземате иницијатива, а во наредниот само одобрувате и климате со главата.
Веројатно – се сметате себе си за порно ѕвезда
Во креветот сте склони:
- Да прашувате „Дали беше добро?“. И потоа сами да одговорите „Да, беше сјајно!“
- Да се чувствувате како порно ѕвезда и пречиста и невина девица во исто време.
- Често во глава ве мачат сексуалните искуства иако нема потреба од тоа.
Се препознавте некаде?