Тест за девојки
Дали често пати сте самокритични за изгледот на вашето тело и кога нема потреба? Постојано сте на диети, носите широки алишта, се гледате во...
...огледало барем 5 пати на ден, во излозите додека одите по улици.
Како се справувате со вашето тело?
Одговорете со ДА или НЕ на следните прашања и на крај соберете колку позитивни и колку негативни одговори имате.
1. Дали би држеле диета заради дечкото?
2. Дечкото кој ви се допаѓа не е заинтересиран за вас. Дали мислите дека причината е што не изгледате добро?
3. Често кога ќе излезете надвор се погледнувате во огледала и излози?
4. Кога ќе видите дебела жена помислувате дека би можела да се потруди да изгуби некој килограм?
5. Го вовлекувате стомакот кога влегувате во некоја просторија?
6. Не сакате да се соблекувате и облекувате пред партнерот?
7. На групните фотографии се криете зад другите?
8. Кога вежбате избегнувате маици на прерамки или оние кои го откриваат стомакот?
9. Го гледате поранешниот со нова девојка и веднаш проценувате дали изгледа подобро од вас?
10. Купувате облека без да пробате само за да избегнете огледала и гардероби?
Помалку од 5 одговори со ДА:
Имате здрав став кон својот изглед. Задоволни сте со своето тело и самоуверено чекорите во сопствена кожа. Продолжете така. Самодовербата е една од најсилните и најпотребните карактеристики во животот.
5 или повеќе одговори со ДА:
Премногу сте критични кон своето тело и изглед, а веројатно и кон другите. Слабеењето не е најважна работа во животот на една жена. Бројот на алиштата кои ги носите нема никаква врска со вашата вредност како личност. Посветете се на останатите работи кои ви ги овозможува животот и уживајте. Да – тоа може да го правите без оглед на тоа колку килограми имате.