Педомантика - читање од нозе?

Баш како што некои личности читаат од дланка, постојат и луѓе кои го интерпретираат обликот на прстите на стопалата и тврдат дека тие делови...

 

... говорат за вас.

На пример, доколку имате крив палец, тоа многу кажува за вас. Барем така велат оние кои наводно читаат од стапала.

Според нив, ножните прсти се новите прозорци на душата на човекот и јасно говорат за речиси се' - од тоа дали е некој чесен, па се до неговата финасиска состојба.

Ако вашите прсти се малку закривени во облик на кука, тоа укажува на неколку типови на борби и маки, велат читачите.

Крути прсти значат дека и личноста која ги има е таква. Но, немојте да мислите дека доволно е само да се гледаат прстите.

"При секое гледање на стопала, она што прво ги прашувам е како се викаат и дали се леваци или не. Тоа исто така ми говори многу", изјавил еден од читачите на стaпала.

Со педомантиката, односно вештината за читање од стапала, се занимавале старите Бабилонци и Египќани, а таа практика станува се поактуелна денес.

pedomantika-citanje-od-noze

Така, ножниот палец претставува карактер и начин на размислување на човекот и неговата способност за соочување со проблемите. На пример, ако е тесен - значи дека сте разумни и помалку чувствителни. Округлест
палец сугерира дека сте емотивни или креативни.

Вториот прст ја претставува вашата надеж и соновите, и покажува од каква природа се вашите емоции. Вие сте организирана личност доколку прстот ви е краток, а ако ви е долг, тогаш повеќе фунционирате инстиктивно.

Краток среден прст сугерира дека сакате удобен, тивок и мирен живот, а долг значи дека сте тип од акција.

Следниот прст говори за љубовта - лесно се заљубувате ако е искривен, а доколку е рамен и испружен, тогаш секогаш работите со резерва и сте романтичари.

Последниот најмал прст е одраз на вашата самодоверба - округло и дебелко прсте значи дека сте многу импулсивни и дека спонтаноста ви е главна особина. Шилест облик на малото прсте ја открива вашата разумна природа и голема самодовера.

Сега, погледенете си ги прстињата на нозете и проверете - има ли вистина?

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg