Тест: Дали сте совршена жена?

test-dali-ste-sovrzena-zena

Решете го тестот и дознајте дали сте поборник на идејата дека жените треба да бидат рамноправни со мажите во секој поглед, или сте мислите дека понежниот пол треба да се задоволи со улогата на домаќинка.

1. Дали мажите треба да им ја отвораат вратата од автомобилот на жените?

а) Да
б) Убаво е кога тој е кавалер
в) Апсолутно не - имаме раце

2. Дали и на жените кои што живеат сами треба да им се дозволи да посвојуваат деца?

а) Не, сама жена не би можела да биде добра мајка
б) Не, тоа е себичен чин
в) Да, ако мисли дека е во состојба самата да го одгледува

3. Зошто би облекле проѕирна блуза за дочек на Новата година?

а) За да заведете некого
б) Сакате да ја следите модата
в) Затоа што ви стои добро

4. Во кино се игра филм кој многу ви се допаѓа, но не можете да најдете некој кој би дошол со вас. Што правите?

а) Се откажувате – не сакате да одите сами
б) Одите сами после работа, рано попладне
в) Одите сами без да размислувате

5. Шетате сами провокативно облечени, кога некој ви дофрла вулгарен „комплимент“. Што помислувате?

а) Самата си го барав
б) Не ви е пријатно, но се тешите дека барем некој мисли дека сте привлечни
в) Срамота, што се не си дозволуваат мажите

6. Мислите дека е феминистка

а) Не женствена жена
б) Некоја „запалена“
в) Жена свесна за своите права

7. Гледате како двајца се караат. Мажот станува и бесно си оди. Што би можел да биде поводот за кавга?

а) Открил дека го изневерува
б) Му признала дека го изневерила
в) Нервозен е поради проблеми на работа

8. Дали би отишле на нудистичка плажа?

а) Не, тоа е знак на лош вкус
б) Можеби, но не би ми било пријатно
в) Да, човековото тело не е нешто што би требало да се крие

9. Како сте се почувствувале кога прв пат сте воделе љубов?

а) Искористено
б) Посакувано
в) Среќно

10. Кога би можеле, би биле:

а) Мачка
б) Газела
в) Лавица


Резултати:

Минатото ви значи повеќе од иднината (најмногу а)

Ако вие се прашувате, дваесеттиот век сеуште трае. Вам минатото ви значи повеќе од иднината. Сметате дека жените не би требало да се откажат од привилегиите и бенефициите. Сакате да ви се додворуваат, да ве галат и да внимаваат на вас. Кон вас да се однесуваат како кон нежно суштество кому му  е потребна заштита, но свесни сте дека не сте нечиј украс. Тоа јасно го покажувате кога нешто се заканува да го загрози вашиот свет.

Доволно сте модерни за својот вкус (најмногу б)

За вас, да се биде модерен значи да се одржува директна врска со традицијата. Секогаш со сомнеж сте ги гледале револуционерите. Сметате дека жените не се потполно еднакви – баш затоа што чувствуваат, реагираат поразлично од мажите. Други велат дека сте традиционалиста. Сакате да играте улога на домаќинка, но надвор од дома ја покажувате својата сила и никому не му дозволувате да ве третира како суштество од понизок вид. Понекогаш сте растргнати помеѓу желбите мажот да биде заштитник и помеѓу потребата за независност.

Смислата на вашиот живот е слободата (најмногу в)

Вие сте подготвени за сите предизвици на ова време. Модерна жена во секоја смисла на зборот  и многу сте горди на тоа.  Убедени сте дека жените не мораат никому ништо да му докажуваат и дека најпосле, можат да уживаат во рамноправноста. Отворени сте и немате предрасуди, успевате да создадете добар однос со спротивниот пол. Го почитувате мажот кој ја прифаќа својата женска страна, баш како што и самите го прифаќате машкиот дел од својата личност.

Би можело да ве интересира:

Тест на личноста: Изберете една куќа и дознајте зошто не сте среќни Што ве кочи на патот до среќата? Која е таа една карактеристика која треба да ја...
Визуелен предизвик: Пронајдете го мрзливецот со бебе на илустрацијата Како се снаоѓате со визуелните предизвици? Пред вас е еден забавен, ќе погодите ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg