Тест: Колку си одговарате со вашиот партнер/ка
Датумот на раѓање се смета за среќен број на личноста родена тој ден. Исто така, ги опишува и карактерните особини. Ова е еден од ретките...
...лични броеви кои ве следи целиот живот.
Како да го пресметате вашиот број? Соберете ги сите броеви од датумот на раѓање и сведете ги на едноцифрен број. Пример за личност родена на 15.08.1955.
1+5+8+1+9+5+5=34 3+4=7
Откако ќе го пресметате својот среќен број, пресметајте го и бројот на партнерот и проверете како се согласувате според броевите – во зависност од големината на мечето во табелата.
Легенда:
Најголемо мече – Одличен однос. Супер комуницирате, одлично ќе напредувате, вашиот однос е базиран на голема физичка и психичка привлечност. Најчесто оваа комбинација доведува и до брак. Добро се согласувате, врамнотежени сте, а дури и од различите извлекувате корист. Единствен проблем кој може да се појави е заради претерано согласување.
Средно мече – Овој однос има можност да се развие во вистинска насока, но карактерните разлики можат да создадат проблеми. Овие разлики е важно да се препознаат на време и за нив да се разговара, во спротивно проблемите ќе растат и подоцна веќе е потешко да се решат. Значи, оваа врска може да функционира, но со многу вложување.
Мало мече – Лоша комбинација. Несигурноста на врската како вашата за некои парови е мотивација за да ја стимулираат, но ова е многу тешка комбинација. Најчесто – оганот брзо се пали, но уште побрзо и гасне. Оваа врска пружа краткотрајно задоволство и како такво треба и да се сфати. За да се одржи, потребно е многу повеќе да вложите отколку што од неа можете да добиете. Иако и покрај сиот труд, не мора да значи дека ќе успее.