Samsung паметните телевизори се побогати за уште еден гласовен асистент

Скопје, 07. декември 2020. година – Компанијата Samsung Electronics најави дека Google наскоро ќе им се придружи на постојните гласовни асистенти (Amazon Alexa и Bixby) достапни на паметните телевизори Samsung, со што ќе им овозможи на корисниците полесно управување и пребарување, без потреба од дополнителни преземања, хардвер или инсталација. Со овој пакет, моменталните водечки гласовни асистенти, кои може да се модифицираат според желбите на корисниците, ќе ги има на сите телевизори на Samsung од 2020 година - QLED 4K и 8K, Cristal UHD, како и на lifestyle моделите - Frame, Serif, Sero и Terrace.

samsung-pametnite-televizori-se-pobogati-za-ushte-eden-glasoven-asistent-01.jpg

Благодарение на поширокиот опсег на опции, корисниците на Samsung Smart телевизорите сега ќе имаат побрз и полесен пристап до својата омилена забавна содржина и одговори на прашања во реално време, како и можност за непречено контролирање на паметните уреди, користејќи говорен асистент по свој избор. Користењето гласовни команди на паметни телевизори го олеснува пребарувањето на канали, прилагодувањето на јачината на звукот, контролата на апликациите и многу повеќе.

Употребата на гласовни асистенти на паметните телевизори значително се зголеми откако Bixby беше претставен во 2018 година. Сега, со поддршката на  Google асистентот и Amazon Alexe, ги повикуваме корисниците да очекуваат и да бараат уште повеќе од нивните телевизори,” рече Seline Han, потпретседателка на бизнис одделот за визуелни дисплеи во компанијата Samsung Electronics.

samsung-pametnite-televizori-se-pobogati-za-ushte-eden-glasoven-asistent-02.jpg

Со помош на гласовните асистенти, љубителите на забава сега лесно може да ја пронајдат посакуваната содржина, со пребарување по жарн, режисер или актер. Покрај новите ТВ програми и филмови, Alexa, Bixby и Google асистентот исто така нудат информации за временските услови, најновите резултати од натпревари или ги нудат вашите омилени мелодии. Покрај тоа, Google асистентот им овозможува на корисниците пристап и до другите услуги на Google што можат да им го олеснат секојдневниот живот - „Google Search, Photos, Maps, Calendar и многу други“.

Со интегрирањето на Google асистентот во Samsung паметните телевизори, сакавме да ја поврземе дневната соба со остатокот од паметниот дома и да им помогне на корисниците подобро да управуваат со користењето на услугите на Google. Како дел од нашата соработка со Samsung, се стремиме да им понудиме помош со Google Assistant и на големите екрани на што поголем број корисници ширум светот,” рече Jack Krawczyk, главен менаџер на проиводи на Google Assistant.

Со создавањето на новиот „центар” во било која просторија од куќата, Samsung  паметните телевизори сега ќе може да се користат за контрола на осветлувањето, поставувањето термостати, аларми или извршување на било какви други задачи, според командите на избраниот гласовен асистент.

samsung-pametnite-televizori-se-pobogati-za-ushte-eden-glasoven-asistent-03.jpg

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg