Рестартирање без причина и уште 6 знаци дека можеби е време да купите нов смартфон

Телефонот се рестартира сам

Ова може да се случува и ако сте мета на хакерски напад, но ако направите скенирање и не најдете ништо, тогаш причината за „самоволното“ рестартирање на телефонот е тоа што е многу стар.

oshteten-hardver-samovolno-restartiranje-znaci-deka-mozhebi-e-vreme-da-kupite-nov-smartfon05.jpg

Оперативниот систем е многу стар

Ако го имате телефонот повеќе од 4 години, најверојатно на него не можете да ја инсталирате последната верзија од софтверот на Android, iOS или што и да користите. Обично причината е што вашиот уред е „послаб“ и нема да може да ги поддржи најновите надградби.

Застарениот оперативен систем не значи дека телефонот е расипан, но ако имате многу стар оперативен систем, вашиот телефон станува поподложен на секакви хакерски напади. Сепак, да не одиме во крајности, да се држиме до практичната причина - едноставно телефонот нема да ви е доволно функционален.

oshteten-hardver-samovolno-restartiranje-znaci-deka-mozhebi-e-vreme-da-kupite-nov-smartfon06.jpg

Камерата прави ужасни слики

Факт е дека камерата е една од најупотребуваните алатки од смартфоните, па денес лесно ќе најдете и евтини модели со многу добра камера.

Се разбира, ако камерата не ви е важна и генерално телефонот е во ред, нема потреба да го заменувате. Но, ако сакате да правите добри фотографии, треба да набавите нов смартфон.

oshteten-hardver-samovolno-restartiranje-znaci-deka-mozhebi-e-vreme-da-kupite-nov-smartfon07.jpg

Хардверот на телефонот е оштетен

Сите можеме да издржиме со смартфон со скршен екран, под услов да функционира. Но, ако телефонот претрпел и друга штета на хардверот, тоа ќе има влијание врз неговиот перформанс.

И овој случај најчесто е поисплатливо да купите нов телефон, отколку да плаќате за делови и поправка.

oshteten-hardver-samovolno-restartiranje-znaci-deka-mozhebi-e-vreme-da-kupite-nov-smartfon08.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg