Рестартирање без причина и уште 6 знаци дека можеби е време да купите нов смартфон
Компјутери, смартфони, телевизори... сите елетронски уреди што ги користиме си имаат животен век и одвреме-навреме треба да ги заменуваме со нови.
Како и сè друго, и технологијата „се троши“, па после одредено време треба да се замени со нешто ново. Во оваа технологија спаѓаат и смартфоните.
Ако одберете поквалитетен модел, овие уреди можат да ви траат и по неколку години. Сепак, со текот на времето нивната технологија застарува и кога-тогаш ќе треба да набавите нов.
Во некои ситуации можеби ќе имате опција да го замените делот од телефонот што предизвикува проблеми, но кога станува збор за постар модел, речиси секогаш е подобро да инвестирате во нов, наместо да плаќате за поправка.
Погледнете кои се знаците дека можеби е време да го замените стариот смартфон со нов:
Батеријата се празни многу брзо
Ако треба да го полните телефонот неколкупати во текот на денот, тогаш веројатно неговата батерија е истрошена. Во овој случај можете да го однесете телефонот на сервис и да ви ја заменат батеријата, но ако имате многу стар модел, подобро е да купите нов.
Никој не ве слуша кога разговарате на телефонот
Дали луѓето со коишто разговарате на телефонот постојано ви се жалат дека не ве слушаат? Ако имате многу стар телефон, тогаш причината за ова не е мрежата, туку најверојатно микрофонот на вашиот смартфон.
Проблеми со екранот на допир
Навистина е фрустрирачки кога „тачот“ на телефонот не работи како што треба, но и ова е нормална појава ако го користите уредот долго време.
И овојпат постои можност да го замените екранот, но бидејќи овие поправки можат да чинат многу, речиси секогаш е подобро да купите нов телефон.