Од виски ќе се прави струја
Луѓето кои го сакаат шкотското виски наскоро ќе бидат многу разочарани. Истото како дел од програмата за заштита на климата ќе се користи како ...
...био гориво. Шкотските власти веќе дале дозвола за изградба на ваква електрана која ќе работи на виски.
Со ова се претпоставува дека од виски годишно ќе се генерираат 7.2 милиони мегават часови струја, што е доволно за околу 9000 домаќинства.
Електраната ќе се гради на северот на Шкотска, а ќе биде инвестиција тешка 50 милиони долари.
Се очекува нејзината изградба да започне кон крајот на годината, а да имаме струја од виски за околку 18 месеци.
На овој начин не само што ќе се добиваат обновливи извори на енергија, туку ќе се добијат и дополнителни пазари за оваа индустрија.