MSN месинџер, MP3 уред - најдобрата технологија што „умре“ во последната деценија 2010-2019
Технологијата постојано еволуира и напредува, барем во теорија, а тоа значи дека старата технологија најчесто е истисната за да направи место за новата.
Понекогаш совршено добри гаџети или сервиси коишто сè уште работат се погребуваат во заборав. Понекогаш сфаќаме дека на одредена технологија ѝ поминало времето, но тешко е де се помириме дека треба да престанеме да ја користиме.
Лесно би можеле да направиме цели гробишта од технологијата на која ѝ помина времето изминатава декада или цело болничко крило со технологија која е на работ на смртта.
Кои се ѕвездите на технологијата кои повеќе нема да ги гледаме во наредната декада?
Mp3 плеери
Кога mp3 форматот се судри со Ајподот на Епл, тој го поплочи патот на револуцијата и го трансформираше начинот на којшто слушаме музика. Потоа се појавија мноштво разни алтернативи и сигурно нема ниту еден од нас што во еден период немал mp3 плеер.
Инстант месинџери
MSN messenger и Yahoo messenger беа главниот начин на онлајн комуникација пред Микрософт да го купи Skype и пред Facebook да направи сопствен месинџер.
DVD уреди и додатоци
Ова е поширок дијапазон на технологија којашто веќе стана целосно непотребна. DVD цедеата за изнајмување или купување филмови, музиката на DVD, DVD плеерите во домот и во автомобилите се сите мртва технологија која сè уште функционира и има многу податоци, но е целосно заменета.
Плазма телевизорите
Кога за прв пат рамните екрани ги заменија коцкестите телевизори со катодна цевка, главната битка се водеше помеѓу плазма телевизорите и ЛЦД/ЛЕД телевизорите. Денес е јасно кој ја доби таа битка.
Google plus
Ова беше обидот на Google да направи социјална мрежа во 2011 година, која ќе биде конкурент на Фејсбук и тој обид заврши со официјално исклучување на мрежата во почетокот на 2019 година.
Windows phone
На почетокот на декадата, Apple речиси целосно го поседуваше пазарот на паметни телефони и Windows имаше обврска да одговори на тој напад. Микрософт се трудеше да се бори и дури забележа раст на акциите со лансирање на Windows phone 7, но подоцна се покажа дека единствената конкуренција на Apple e Android и полека спласна возбудата за Windows phone за во 2017 конечно биде лансиран последниот update со совет до корисниците да се префрлат на Андроид.
(О)Милена | Црнобело