Телефоните стануваат попаметни, а луѓето поглупави - Како технологијата влијае врз мозокот?

Зависниците од мобилните телефони се како зависници од алкохол и наркотици, кои нема да признаат дека имаат проблем. Кога нашиот мозок го гледа паметниот телефон пред себе, истиот моментално станува поглупав. 

telefonite-stanuvaat-popametni-a-lugjeto-poglupavi-kako-tehnologijata-vlijae-vrz-mozokot-01.jpg

И научниците го докажале тоа. Тие велат дека сме целосно неспособни да го забележиме степенот на влијанието на паметните телефони на нашите умови, нашата способност да размислуваме и да донесуваме одлуки!

Мобилниот телефон влијаае на функциите на мозокот

Прво, да објасниме што се когнитивни функции. Тоа е ментална способност да забележуваме, истражуваме, анализираме, заклучуваме и решаваме проблеми и задачи.

Когнитивниот и социјалниот психолог, Адријан Вор и неговите колеги, спроведоа експеримент и го објавија под наслов „Перење мозок: Самото присуство на паметниот телефон ја намалува когнитивната способност“.

Во нивното истражување учествуваа повеќе од 1.500 студенти кои имаа задача да решаваат тестови, да одговорат на бројни прашања, да објаснат и формулираат нешто. Во принцип, одговорите не беа важни, туку нивниот фокус.

Telefonite stanuvaat se popametni a lugeto se poglupavi 02

Испитаниците беа поделени во три групи и беа подложни на различни интелектуални тестови.

Разликата беше во работните услови - првата група мораше да ги остави телефоните во другата просторија, на втората група не им беше забрането да ги чуваат во џеб или торба, а на третата група студенти им беше дозволено да ги држат телефоните на масата пред нив, но со екранот свртен надолу.

Се разбира, на ниту една група не ѝ беше дозволено да ги користат телефоните.

Истражувачите ја следеа количината на работна меморија на сите три групи, т.е. количината на информации на кои се способни да се фокусираат.

Најголемиот фокус го имаа студентите од првата група, што немаа пристап до телефонот, а најнискиот фокус го имаа студентите во третата група, со телефоните на масата пред нив.

Резултатот на втората група е сличен на резултатот на првата група.

Telefonite stanuvaat se popametni a lugeto se poglupavi 03

Не треба да ги објаснуваме резултатите од експериментот, бидејќи се очигледни: сè додека нашите мозоци гледаат паметен телефон пред себе, се чини дека стануваат поглупави.

Ова се случува поради нашата навика сите одговори да ги пронајдеме преку интернет, без многу напор.

По истражувањето, научниците ги прашаа студентите што мислат, дали нивниот мобилен телефон влијае на нивното внимание и способности. Се разбира, сите дадоа ист одговор - не!

Ова е индикација дека на психолошко ниво сме целосно зависни од телефонот, без воопшто да сме свесни за тоа. На крајот на краиштата, дали некогаш сте се сретнале со зависник од дрога или алкохол кој признава дека има проблем?

Не дека не треба да се користат мобилните телефони, туку треба да се користат на мудар начин.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg