Ново Европско истражување кое го открива позитивното влијание на телевизијата во денешното општество

60% од Европејците биле поттикнати на позитивна промена во нивното однесување, делумно благодарение на нешто кое го виделе на ТВ.

novo-evropsko-istrazhuvanje-koe-go-otkriva-pozitivnoto-vlijanie-na-televizijata-vo-deneshnoto-opshtestvo-01.jpg

Иновациите во ТВ технологијата и во програмската технологија се движечка сила на позитивни лични и културни промени кај Европските корисници, согласно новото истражување објавено од Samsung на IFA. Истражувањето, нарачано пред самата 50 годишнина на компанијата, ја покажува еволуцијата на телевизијата, како во однос на врвни технолошки напредувања како 8K, така и во високо квалитетните и разновидните содржини кои се достапни денес, има опипливо влијание на многу аспекти од животите на корисниците.

57% од Европејците кои биле анкетирани рекле дека имаат гледано ТВ програми кои активно го промениле нивното мислење за општествените прашања, вклучувајќи ги темите како климатска промена, сиромаштија, економска еднаквост и дискриминација. Како пример е Blue Planet на BBC која мотивирала 83% од анкетираните да преземат некоја акција, како што е намалување на нивното користење на пластика за една употреба.

Интересот во содржини со тематски прашања е значително висок, со тоа што две третини од Европејците изразиле апетит кон ТВ програмите поврзани со сегашните интереси. Информативната програма, генерално, сѐ повеќе раѓа интерес кај гледачите, со тоа што 56% од нив ги цитираат документарците како најважен содржински жанр. Дополнително, во време кога фразата “лажни вести“ влезе во општествениот дискурс, вредноста на телевизиските вести е клучна со тоа што три четвртини (74%) од Европејците веруваат дека телевизијата е еден од најверодостојните извори на вести.

novo-evropsko-istrazhuvanje-koe-go-otkriva-pozitivnoto-vlijanie-na-televizijata-vo-deneshnoto-opshtestvo-02.jpg

Самата публика еволуира заедно со тоа што го гледа на екранот. Истражувањето покажува дека 73% од Европејците тврдат дека телевизијата ги има подобрено нивните животни вештини – без разлика дали тоа е да научат нов јазик, да пробаат нов спорт или да волонтираат. Во меѓувреме, една четвртина од испитаниците сакаат да патуваат на нови места кои претходно ги гледале на телевизија и 38% велат дека тие биле охрабрени да пробаат нови рецепти од нови култури. Ова зголемување на 41% помеѓу корисниците на паметни телевизори посочува дека интернет активните телевизори навистина го подобруваат гледачкото искуство.

Додека телевизијата ги охрабрува гледачите да ги поместат своите граници и да пробаат нови работи, таа исто така останува со значајно влијание кога е во прашање опуштањето. Една четвртина од корисниците веруваат дека гледањето телевизија придонесува до генералното ментално здравје додека една третина велат дека тоа е главниот начин на којшто тие се опуштаат.

Истражувањето исто така покажува дека телевизијата е сѐ уште својствено општествено искуство со тоа што половина од корисниците издвојуваат време за заедничко гледање на телевизија како квалитетно време со семејството. Фактички, повеќе од една третина (34%) од Европејците се чувствуваат дека телевизијата ги има создадено едни од најмоќните заеднички сеќавања, поточно клучни спортски моменти или моменти од вести, додатно зголемувајќи ја телевизијата како платформа за споделување на позитивни искуства.

„Телевизијата денес продолжува да информира, инспирира и да нѐ збогатува: нашето последно истражување покажува дека трајниот ефект и интересот се големи и дека телевизијата има публика и затоа ќе останеме верни кон потрагата на иновации кои ќе бидат посветени на самите корисници и кои ќе ја ре-откријат улогата којашто телевизорот ја има во нашите домови,“ рече Nathan Sheffield, шеф на TV и AV во Samsung Europe. „Ние го испорачуваме ова преку нашите производи како револуционерната QLED 8K серија, која носи внесувачки квалитет на слика, елегантен дизајн и паметни карактеристики овозможувајќи ни темел за да создаваме нови искуства на гледање. Комбинациите на поголеми и подобри екрани, со попаметни и поразновидни содржини, им ја дава на телевизорите моќта да влијаат на нашите верувања на разноврсни теми.“

novo-evropsko-istrazhuvanje-koe-go-otkriva-pozitivnoto-vlijanie-na-televizijata-vo-deneshnoto-opshtestvo-03.jpg

Други клучни откритија од истражувањето вклучуваат:

TВ ги проширува нашите културни хоризонти

Повеќе од 40% од Европејците велат дека со гледањето странска ТВ, се прошируваат нивните хоризонти.

ТВ придонесува до моменти на дружење

Една четвртина од Европејците се собираат околу телевизорот барем еднаш месечно.

QLED е иднината на гледањето

80% од QLED гледачите се согласуваат дека оваа ТВ технологија го прави гледачкото искуство подобро.

Би можело да ве интересира:

На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...
Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg