Грижејќи се за природата, се грижиме за себе: Изберете енергетски ефикасни апарати

Во борба со внатрешното загадување, технологијата е пријател на животната средина.

grizhejkji-se-za-sebe-se-grizhime-za-prirodata-izberete-eneregtski-efikasni-aparati-01.jpg

Грижата за околината започнува дома, секој ден. Многу секојдневни активности, всушност, можат да дадат свој придонес за намалување на загадувањето и отпадот. Различни задачи што рутински ги правиме може да се извршат поефикасно и со користење на помалку вода, помалку електрична енергија и со ограничена употребата на детергенти кои загадуваат.

Обновата на старите уреди со производи кои имаат висока енергетска класа е европска и глобална мисија, во која учествуваат сите компании во секторот, од производители до дистрибутери до одговорна организација за отстранување и рециклирање на стари уреди. Потрошувачот ги има сите алатки за зачувување на животната средина, преку избор на ефикасни апарати за домаќинство, нивна паметна употреба и правилно отстранување на старите апарати.

Покрај заштедата на енергија, не треба да се заборави дека енергетски ефикасните апарати за домаќинство, исто така, влијаат и на буџетот во домаќинството. Апаратите за домаќинство (машини за перење и сушење алишта, машини за миење садови, фрижидери, замрзнувачи, прочистувачи на воздух и овлажнувачи) учествуваат со добар дел во вкупната сметка за електрична енергија во домот. Апаратите со висока енергетска ефикасност , можат да го намалат тој удел. Просечниот апарат за домаќинство трае 10 до 20 години, а енергетски ефикасните апарати користат околу 10 до 50 проценти помалку енергија секоја година отколку еквивалент со ниска енергетска ефикасност.

Мора да го потенцираме еколошкиот потенцијал на апарати за домаќинство во други области, како што се заштеда на вода или намалување на загадувачки детергенти. За таа цел, новите генерации на апарати за домаќинство од Горење се дизајнирани автоматски да ја намалат потрошувачката на енергија и вода, а со тоа и влијанието врз животната средина.

Секогаш чисти алишта на ефективен, лесен и еколошки начин

Благодарение на новиот инвертерски PowerDrive мотор, кој има 10 години целосна и бесплатна гаранција, со оптимизирани програми и со напредни решенија, WaveActive машините за перење алишта од Горење ги комбинираат одличните резултати при перењето со ниската потрошувачка на електрична енергија. Најдобрите од нив, конкретно WS168LNST,  можат да се пофалат со енергетска класа А+++(-20%), што значи дека трошат до 50% помалку енергија од машините со А енергетска класа. IonTech технологијата ја користи моќта на природниот процес на јонизација, за да ги отстрани дамките и до 30% поефикасно без висока температура или користење на дополнителни хемикалии. Перењето на алиштата при ниска температура ја намалува потрошувачката на електрична енергија. Исто така, од особена важност е и функцијата DoseAid со чија помош се одредува оптимална доза детергент за секое полнење, без оглед на количината на алишта што сте ги ставиле да се перат за да бидете сигурни дека детергентот го употребувате на најекономичен и на најздрав начин.

Помала потрошувачка на електрична енергија и помалку отпад од храна од фрижидерот

Меѓу првите апарати за домаќинство кој е редизајниран за да биде енергетски ефикасен, без сомнение е фрижидерот. Овој апарат, всушност, не само што има важна улога во намалувањето на потрошувачката на електрична енергија и во намалувањето на трошоците, туку исто така има клучна улога во зачувувањето на храната свежа подолго време.

NoFrost комбинираните фрижидери од Горење кои се во највисоката А+++ енергетска класа, конкретно NRK6193TX, достигнуваат 60% поголема ефикасност од моделите во А класа. Одличната топлотна изолација и подобреното затворање на вратата, инвертер моторот, адаптибилната технологија која континуирано го следи и го анализира начинот на којшто се користи фрижидерот и електронската контрола, ефикасно ја намалуваат потрошувачката на електрична енергија. IonAir со MultiFlow 360° функцијата создава идеална микроклима на секоја полица и еднакво го дистрибуира јонизираниот воздух за да се одржи константна температура на секоја полица. Дополнително, благодарение на NoFrostPlus технологијата, се спречува натрупувањето на мраз за да се одржи ниско ниво на потрошувачка на енергија.

Миењето садови во машина за садови штеди електрична енергија, вода и детергент

Тестирањето на машини за садови, спроведено од страна на здруженијата на европските потрошувачи, членови на ICRT, покажа дека SmartFlex машините за садови од Горење, произведени во Словенија, се најефикасни машини за миење садови и трошат значително помалку електрична енергија, вода и детергент. Тие имаат врвна енергетска ефикасност и се рангирани во А+++ енергетска класа, конкретно моделот GV67260. Големиот број на напредни решенија го поедноставуваат секојдневниот живот во модерниот дом: автоматската програма го прилагодува процесот на миење на тоа колку се нечисти садовите и ги мие совршено, а функцијата SpeedWash е пократка програма за миење садови и побрз начин до беспрекорно чисти садови за само 15 минути. Инвертер PowerDrive моторот работи без четкици и го елиминира трошењето и кинењето и со тоа придонесува за зголемување на ефикасноста на миењето. Благодарение на иновативна IonTech технологија која го користи природниот принцип на јонизација, се отстрануваат сите непријатни мисири, без додавање на никакви вештачки супстанции. Исто така, миењето на 16 комплети за јадење во еден циклус придонесува за уште поголема ефикасност на миење.

Не треба да забораваме дека постојат две главни причини зошто мора да се обрне внимание при изборот на високо енергетски апарати за домаќинство: 1) сметките за електрична енергија и вода долгорочно ќе се намалат, а тоа директно ќе влијае на вкупниот домашен буџет и 2) помалата потрошувачка на енергија значи дека помагате во зачувување на природните ресурси на животната средина и што е најважно, придонесувате за почиста животна средина.

Грижејќи се за себе, се грижиме за природата – изберете енергетски ефикасни апарати!

https://www.gorenje.com.mk/prodazba/grizejkji-se-za-prirodata-se-grizime-za-sebe

Би можело да ве интересира:

Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg