Samsung го претстави 240Hz G-Sync компатибилниот заоблен CRG5 Монитор за игри во Европа на gamescom 2019

Првиот светски монитор за игри со 240Hz RapidCurve со NVIDIA G-Sync компатибилност овозможува гејминг искуство во кое целосно ќе се внесете.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-01.jpg

КЕЛН/Скопје, Германија/Македонија – 23 август 2019 година - Samsung Electronics Co., Ltd. денес на gamescom 2019 го најави европското лансирање на својот монитор за игри CRG5, најновото од заоблените гејминг монитори на Samsung. Мониторот CRG5, кој за прв пат беше претставен на E3 2019, испорачува моќна комбинација на стапка на освежување од 240Hz, која е прва во индустријата, со заоблен дисплеј и NVIDIA G-SYNC компатибилност за да обезбеди врвно искуство што целосно ги внесува гејмерите во нивните игри и им го дава тоа што секогаш го очекуваат.

„Играњето еволуира многу брзо, како и очекувањата на играчите. Како лидер во индустријата на монитори за игри ние секогаш сме во потрага по иновации за да го понудиме најнапредното и највнесувачкото искуство.“, рече Сеог-ги Ким, извршен потпретседател на секторот со визуелни дисплеи во Samsung Electronics. „CRG5 е монитор кој е прв во индустријата со заоблен екран со 240Hz RapidCurve™ технологија и G-Sync компатибилност, кој ќе им овозможи на играчите да ги доживеат игрите на комплетно нов начин.”

Како најголем светски настан за игри, gamescom е важна сцена за Samsung да ја прикаже својата најнова технологија за игри. Штандот на Samsung се зголеми двојно за разлика од 2018 година, по мерка поголем и од кошаркарски терен во NBA со 500 метри квадратни. Покрај CRG5, присутните ќе можат да ги искусат и другите најнови иновации на Samsung во областа на дисплеите за играње вклучувајќи го и Space Gaming мониторот (SR75Q) и Супер Ултра широкиот CRG9 49“.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-02.jpg

CRG5: За прв пат во светот стапка на освежување од 240Hz со заоблен дисплеј

27 инчниот CRG5 е комбинација на стапка на освежување со брзина на молња со својата 240Hz RapidCurve™ технологија и искривување на 1500R, со која се отстранува времето на заостанување додека во исто време прикажува ултра-мазни сцени за навистина внесувачко искуство. Стапката на освежување од 240Hz овозможува брз и непречен одговор на транзициите на екранот и брзо менување на ситуациите, додека заоблениот екран од 1500R нуди поширок преглед со само еден поглед.

За да се отстранат пресеците, кочењата и одложувањата на акцијата, мониторот е компатибилен со G-sync од NVIDIA при што се синхронизира со Графичкиот процесор (GPU) овозможувајќи исклучително динамично и беспрекорно доживување за време на играњето во целосна HD резолуција.

„Одличните PCa за гејминг заслужуваат фантастични монитори и првиот компатибилен монитор со NVIDIA G-SYNC, C27RG5 на Samsung значи мазно, без пресеци и прекрасно гејминг искуство за корисниците на GeForce GTX 10 сериите, GeForce GTX 16 сериите и GeForce RTX 20 сериите на графички картички,“ вели Виџај Шарма, Лидерот за менаџирање на производи за NVIDIA G-SYNC.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-03.jpg

Импресивниот сооднос на контраст од 3000:1 значи дека најновиот заоблен гејминг монитор на Samsung носи подлабоки црни и посветли бели бои, обезбедувајќи супер-фини детали во најсветлите и најтемните делови на сликата за што поголемо искуство на уживање за корисникот. CRG5 на Samsung има панел со заоблено вертикално усогласување (VA) скроен за точниот опсег на корисникот за зголемена концентрација за време на критичните моменти во играњето.

Дизајнот без рамки на Samsung мониторот CRG5 им дава на гејмерите уште повеќе простор, додека цврстата Y сталка и корисничката табла за игри на On Screen Display (OSD) менито ја подобрува гејминг средината. Мониторот на Samsung CRG5 има и бројни оптимални гејминг модули кои го прават искуството на играчот поудобно за разлика од порано. Game Mode е опционално поставување кое може да се избере и автоматски и оптимално да ги прилагоди црните гама нивоа, контрастот, бистрината и бојата за сите типови на игри. Модот за ниско ниво на заостанување од влезниот режим исто така може да ги минимизира одложувањата помеѓу уредите на корисникот и дисплејот, додека Virtual Aim во исто време ја зголемува и подобрува точноста додека се игра во прво лице. Конечно, Eye Saver Mode ја минимизира сината светлина која зрачи од дисплејот и го зголемува комфорот на очите за време на продолжени периоди на играње.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-04.jpg

Space Gaming Monitor: Врати си го својот гејминг простор

32’’ Space Gaming мониторот (SR75Q), кој прв пат беше претставен на gamescom 2019, има супер брза стапка на освежување од 144Hz со AMD Radeon FreeSync. Стапката на освежување од 144Hz го минимизира заостанувањето на сликите и замаглувањето на движењето, додека AMD FreeSync ја синхронизира стапката на освежување на екранот и графичкиот процесор со тоа што резултатот е подобро играње без искршување на сликите и нивно кочење.

Space Gaming мониторот ќе биде достапен во 32 инчи, QHD (2560 x 1440) резолуција, со дизајн на Samsung кој помага во заштедата на простор и им овозможува на корисниците да го потпрат самиот монитор на ѕидот оставајќи слободна и чиста средина. Space Gaming мониторот може да се повлече напред многу лесно и да се прилагоди на разни преференци за гледање и позиции – сѐ до крајната површина дури до ниво на под, овозможувајќи неспоредлива флексибилност кога се подесува за оптимална гејминг средина.

Y-каблите за струја и HDMI оневозможуваат заплеткување на каблите и обезбедуваат секој гејминг простор да е без непотребен хаос. Екранот може да се пофали и со многу мали рамки на трите страни за да емитува што е можно повеќе од играта. Space Gaming мониторот доаѓа со интегриран стегач кој обезбедува брза и лесна инсталација, овозможувајќи му да се закачи на било кое биро или маса.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-05.jpg

CRG9 49”: Врвниот монитор за игри, сега со Dual QHD резолуција

CRG9 49”, кој ја доби и CES 2019 наградата за Најдобра иновација во категоријата за компјутерски периферни уреди и во почесната категорија за Гејминг производ, вклучува бројни премиум карактеристики. Најпрво, мониторот може да се пофали со HDR 1000 и двојна Quad High Definition (QHD) резолуција (5.120 x 1.440) – еднакво на поставување на два 27 инчни 16:9 монитори еден до друг без рамките да пречат на погледот. CRG9 исто така овозможува една милијарда бои со 95% колоритна површина, DCI-P3, за да претстави реалистична графика, додека достигнува висока oсветленост од 1.000 нити за супер-фини детали во најсветлите и најтемните делови на сликата.

Додатно, CRG9 има степен на освежување од 120Hz кој го минимизира заостанувањето на сликата и замаглувањето на движењето. AMD Radeon FreeSync2 HDR технологијата го намалува треперењето на сликата, нејзиното кршење и самата латентност на сигналот за да го обезбеди најдоброто можно искуство за играње. Virtual Aim им дава на играчите зголемена точност кога играат игри во прво лице, додека закривеноста на екранот на CRG9 им овозможува на играчите ултра широко поле на перспектива за многу подобро искуство на играње.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-06.jpg

Samsung – Срцето на играњето на gamescom 2019

За да се искуси и научи повеќе за последните иновации во екраните за играње од страна на Samsung, може да се посети Хала 9.1 на gamescom, Штанд A040 B045 во Келнмес, Келн, од 20ти до 24ти август 2019.

На настанот Samsung е дел од самата бина за возбудливи гејминг настани; борба против лицето на Германската Hearthstone заедница, IAmThanh, за време на Hearthstone денот на заедницата на Blizzard во среда. Бидете сведоци на конкурентската предност на C27RG5 за време на еден од дневните PlayerUnknown Battlegrounds (PUBG) преземања на штандот каде што штандот на Samsung ќе се претвори во бојно поле за безброј возбудливи PUBG турнири. Почувствувајте го целосниот потенцијал на CRG5, со практичната верзија на Gears 5 Horde режимот; ова е прв пат досега кога овој мод може да се игра.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-07.jpg

Искусете ја акцијата на нашите монитори на штандот на еден од нашите најважни партнери од индустријата – UBISOFT и Facebook гејминг салата 6, Logitech G во сала 7 или Xbox во сала 8. За додатни информации во однос на гејминг мониторите на Samsung ве молиме посетете ја  https://displaysolutions.samsung.com/gamescom2019.

Мониторите на Samsung CRG5 и CRG9 49’’ сега се достапни глобално, додека Space Gaming мониторот (SR75Q) ќе биде достапен глобално од четвртиот квартал.  

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-08.jpg

За Samsung Electronics Co., Ltd.

Samsung го инспирира светот и ја обликува иднината со трансформативни идеи и технологии. Компанијата ги ре-дефинира световите на ТВ уредите, смартфоните, носечките уреди, таблетите и дигиталните куќни уреди, мрежни системи, меморијата, LSI системот и LED технологијата. За најновите вести ве молиме посетете ја http://news.samsung.com.

samsung-go-pretstavi-240hz-g-sync-kompatibilniot-zaoblen-crg5-monitor-za-igri-vo-evropa-na-gamescom-2019-09.jpg

Би можело да ве интересира:

5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg