Според бојата: Какви значења имаат срцата на социјалните мрежи?

Откако за првпат беа воведени на мобилните телефони, емотиконите постојано се користат во пишаната комуникација. Основната намена им е што подобро да ги опишат нечии чувства. А, знаевте ли дека срцата имаат повеќе различни значења, во зависност од нивната боја?

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-1.png

Корисниците на социјалните мрежи, како што се Фејсбук и Инстаграм, неретко го користат емотиконот „срце“ во сопственото изразување, како би ги илустрирале или нагласиле своите наслови и коментари.

Повеќето мислат дека на овој начин ќе искажат љубов, или, пак, позитивни чувства, привлекувајќи внимание или нови обожаватели. И честопати е навистина така. Сепак, многумина не се ни свесни дека секоја боја на срцето има и поинакво значење, односно се поврзува за некаква различна тема.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-2.jpg

Еве какво значење може да имаат срцата што ги оставате во описи, коментари или пораки, зависно од нивната боја:

Црвено срце

Овој емотикон се смета за приказ на вистинска љубов и нема скриено значење. Црвеното срце е најчесто користеното на социјалните мрежи.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-4.png

Сино срце

Овој емотикон се применува за искажување разни чувства и интереси на социјалните мрежи. Од една страна, синото срце се користи за поддршка на лицата со аутизам. Од друга, пак, во тандем со хаштагот #ibleedblue, претставува дел од ознаката што ја употребуваат љубителите на садо-мазо.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-5.png

Зелено срце

Овој емотикон највеќе се користи на празникот Свети Патрик. Во секојдневието, пак, зеленото срце може да се види во објавите за здрава храна и заштита на животната средина. Омилено им е на веганите. А, постојат и такви кои веруваат дека е знак за завист и љубомора.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-6.png

Жолто срце

Овој емотикон асоцира на сонце, радост, среќа и позитивни вибрации. Златно жолтото срце е идеално за искажување на пријателски чувства. Луѓето се посебно опседнати со него во текот на пролетта и на Денот на планетата Земја. Сите сакаме ведрина и оптимизам, зар не?

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-7.png

Виолетово срце

Овој емотикон e фенси. Често го користат трендсетерките, кога и да им е цел да прикажат некаков гламурозен изглед. Неретко и придружен со хаштагови за „светки“ и „блесок“. Па, за виолетовото срце може да се каже дека претставува Мараја Кери во светот на емотиконите.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-8.png

Црно срце

Овој емотикон е дефинитивно најмрачниот. Црното срце примарно се користи за изразување тага и морбидни чувства. Некои, пак, го практикуваат во шегите со црн хумор.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-9.png

Срце со ѕвездички

Овој емотикон значи дека сте гладни за внимание. И не е ни малку кул како што изгледа. Зошто? Бидејќи типично го користат очајните инстаграмџии, сакајќи да привлечат повеќе следбеници и лајкови на своите објави.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-10.png

Пулсирачко срце

Овој емотикон е своевиден еквивалент на пеперутките во стомакот. Пулсирачкото срце го користат нервозните момчиња и девојки, додека им пишуваат порака на личностите во кои се вљубени.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-11.png

Тројно срце

Овој емотикон е синоним за самодоверба. Трите срца, едно врз друго, обично ги има во објавите за прифаќање на сопственото тело и изглед. Некогаш, пак, сигнализира и љубов во зародиш.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-12.png

Срце на плико

Овој емотикон претежно се користи од луѓетo кои чекаат пратка, или, пак, купиле нешто преку интернет. Да не мислевте дека е љубовно писмо? Луѓето веќе не се така романтични.

spored-bojata-kakvi-znachenja-imaat-srcata-na-socijalnite-mrezhi-13.png

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка од Скопје згрозена од интернет алатката што доведе до самоубиство на момче од Флорида – Ја кор... „Бев шокирана, останав без зборови“ – мајка од Скопје, сакала да ја тестира алат...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg