За подобро здравје: 7 најневообичаени гаџети за на рака

Сведоци сме на преплавувањето на пазарот со гаџети коишто се поврзуваат со мобилните телефони. 

Za-podobro-zdravje-7-gadzeti-za-na-raka-01.jpg

Почнувајќи од „паметни“ часовниците коишто овозможуваат да го контролирате телефон преку нив, па сѐ до алките за фитнес, коишто ги мерат температурата, притисокот и отчукувањата на срцето, како и вашите спортски постигнувања.

Сепак, има уште многу нови гаџети коишто чекаат на ред за производство, некои од нив сè уште се во рана фаза на прототип, но добро е да се знае што нè очекува:

Алка за алкохол

Ова е алка којашто ги следи молекулите на алкохол на вашата кожа и ве предупредува кога сте испиле премногу. Иако сè уште ја нема во продажба, се очекува наскоро да се појави и да биде подобра дури и од стандардниот мерач за алкохол со дување.

Za-podobro-zdravje-7-gadzeti-za-na-raka (3).jpg

Гаџет за анализа на крв којшто се носи на рака

Можеби неговиот робустен изглед и функцијата потсетуваат на средновековна справа за мачење, но ова е само уште еден начин да го проверите вашето здравје. 

Овој гаџет ја боцка кожата во редовни интервали и зема примероци од крвта за анализа. Насочен е првенствено кон болните од дијабет. Но, во иднина можеби ќе се прошири неговиот распон на анализи.

Za-podobro-zdravje-7-gadzeti-za-na-raka (1).jpg

Лепенка која мери УВ зрачење

Ова е еден вид на паметна тетоважа којашто кога се носи на кожата менува боја во зависност од изложеноста на сонце. Кога сите прстени ќе ја сменат бојата од бела во виолетова, тоа е знак дека сте впиле доволно УВ-зраци за денес.

Za-podobro-zdravje-7-gadzeti-za-na-raka (2).jpg

Тетоважа којашто ги следи вашите внатрешни органи

Ова не е баш гаџет, туку е систем на биосензитивни мастила коишто ја менуваат бојата кога се случуваат промени во телото. 

Различните видови на мастило можат да мерат концентрација на глукоза, натриум и pH во кожата. Идејата е овие тетоважи да служат како неинванзивен начин за рани откривања на промени во здравјето на човекот.

Заштита од паѓање

Новиот часовник на Apple може да познае кога некој паднал и да заѕвони за помош. Но, овој нов гаџет има за цел да се осигури дека оној што го носи нема да падне воопшто. 

Овој часовник во комбинација со мобилна апликација ја анализира рамнотежата на оној којшто го носи и индицира дека наскоро може да се случи да паднете. Ова се очекува во иднина да се користи за следење на состојбата на старите лица.

Помошник за луѓе со аутизам

За разлика од претходните, ова е гаџет којшто постои и е адаптиран да има медицинска апликација. 

Google очилата се користат на нов начин, со помош на медицински софтвер, за да може полесно да се идентификуваат изразите на лицето на луѓето со коишто комуницираат.

Za-podobro-zdravje-7-gadzeti-za-na-raka (4).jpg

Направа за следење на загадувањето

Оваа џебна лабораторија може да се поврзе со мобилниот телефон и да дава податоци за нивото на јаглерод диоксид во воздухот, озонот, нивото на ПМ честички, влажноста, температурата, атмосферскиот притисок, надморската висина и индексот на топлина.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg