Како ќе се промени светот до 2099-та, според техничкиот директор на Google?
Ако некој некогаш помислил дека еден ден роботите во домот ќе ни бидат нормални исто како и фрижидерот во кујната, Реј Курцвејл не погодува, туку вели дека тоа ќе биде во 2027-ма година.
Како е толку сигурен? Тој е инвентор, футурист, писател и технички директор на Google во полето на машинско учење и природно процесирање на јазикот.
Тој е познат по неговите научни технолошки предвидувања, а голем дел од нив се оствариле.
Реј ја предвидел потребата од електронски асистент како Сири и Алис, а сега направил и група на предвидувања на иднината во 21-иот век.
Погледнете кои се неговите предвидувања за годините кои следат:
2019 година
Човештвото ќе ги победите болестите кои убиваат 95% од луѓето во развиените земји.
Процесот на стареење ќе биде значително намален и забавен.
2020 година
Компјутерите ќе продолжат да се намалуваат и да ја губат вообичаената форма, на пример, ќе може да бидат сошиени во облеката.
Компаниите за рекламирање ќе пренесуваат индивидуални аудио реклами за секој човек, која само тој може да ја слушне.
2025 година
Воените дронови и автомобили ќе бидат 100% контролирани од компјутер.
2027 година
Ќе биде можно да се симулираат сите делови од човечкиот мозок.
Ќе биде создадена вештачка интелигенција која може да се спореди со човечката.
2029
Виртуелната реалност ќе биде со толку голем квалитет, што ќе биде невозможно да се разликува од вистинската реалност.
Наномашините ќе најдат широка примена во медицината.
2030-ти години
Луѓето ќе може преку интернет да го проектираат телото каде и кога сакаат во вистинска или виртуелна реалност.
Поврзано со виртуелната реалност, наномашините ќе се имплантираат во мозокот и ќе комуницираат директно со мозочните клетки.
Луѓето ќе можат телепатски да комуницираат еден со друг преку безжична мрежа.
Ќе биде возможно да се менува меморијата и карактерот на човекот.
Изгледот на човечкото тело 3.0 нема да има нормална форма, а изгледот многу ќе се смени.
2045 година
Кибернетичкото надградување и даунлоадирање на луѓе во исто време, ќе биде нормално.
За 1.000 долари ќе може да се купи компјутер кој ќе биде милијарда пати попаметен од сите луѓе заедно.
2045-2099 година
Земјата ќе се претвори во еден голем, гигантски компјутер.
Човештвото нема да биде лимитирано со брзината на светлината.
До 2099, компјутерите ќе можат да изградат компјутери со големина на планета.
М. М. | Црнобело