Хотел во Тајван совршен за сите љубители на видео игри

Комбинација на модерна технологија и врвен дизајн, хотелот „iHotel“ во Тајван е уникатно искуство.

hotel vo tajvan sovrshen za site fanatici po video igri foto 001

Ако сте опседнати со видео игри и не можете да замислите дури и одморот да го минете настрана од компјутерот, тогаш овој хотел во Тајван е совршениот избор за вас.

Оваа земја се грижи за потребите нa сите гости, па направи вистински рај за „гејмерите“. Штом влезете во хотелот „iHotel“, влегувате во светот на технологијата.

hotel vo tajvan sovrshen za site fanatici po video igri foto 01

Местото е дизајнирано „од гејмери за гејмери“, но не е составено само од компјутери и монитори од крај до крај на ѕидовите, туку има и ултра модерен декор во темни нијанси и дрвен под.

Во лобито има арена за играње, каде може да се натпреваруваат два тима од по 6 играчи, еден против друг.

hotel vo tajvan sovrshen za site fanatici po video igri foto 02

Собите се опремени со огромни монитори, врвни компјутери и столчиња поврзани со нив кои ќе ви овозможат надреално искуство.

hotel vo tajvan sovrshen za site fanatici po video igri foto 03

Хотелот се наоѓа на еден час возење со воз од Тајпеј (во местото Taoyuan) и едно ноќевање чини околу 100 долари, но ако одите само за играње, собите може да ги изнајмувате и за 12 долари од час.

hotel vo tajvan sovrshen za site fanatici po video igri foto 04

Видео игрите се навистина важни во Тајван, а се организираат и натпревари во кои учествуваат професионални тимови. Инспирацијата за овој хотел потекнува токму оттаму.

hotel vo tajvan sovrshen za site fanatici po video igri foto 05

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg