Го трескате кога го затворате: Грешки кои го скратуваат животниот век на лаптопот
Во денешно време, ретко кој нема лаптоп, бидејќи на повеќето работата и секојдневието ни е поврзана со него.
А, за помалите, е одличен за играње и поминување време на социјалните мрежи, иако и тие го користат за училишни проекти.
Практичен е, можете да го пренесете секаде и плус, може да работите на него во секоја положба.
Но, некои навики кои секојдневно ги практикуваме, му наштетуваат на лаптопот и неговата работа, па полека но сигурно може да го уништат, без да бидеме воопшто свесни.
Дознајте кои се тие и почнете да ги применувате советите ако сакате подолго да ви трае:
Тргнете ги милениците настрана од лаптопот
Понекогаш мачките знаат да се умилкуваат и да ви „помагаат“ во работата, бидејќи ги привлекува топлината од уредот, но не треба да им го дозволувате тоа, бидејќи нивното крзно може да влезе во внатрешноста и да го прегрее и расипе.
Пренесувајте го внимателно
Бидете многу внимателни кога го пренесувате лаптопот од едно на друго место, бидејќи содржи многу мали внатрешни делови кои може да се скршат.
Виткајте ги каблите правилно
Можеби мислите дека на каблите не може ништо да им се случи и дека може секако да се свиткаат, но тие се многу тенки и лесни, па внимавајте да не ги ставате околу остри делови.
Не го држете лаптопот на полнач 24/7
Технички, не можете да го „преполните“ лап топот, но тоа што ја контролира батеријата, може да се оштети, па константното полнење ќе ја прегрее истата.
Отворајте и затворајте го нежно
Не можете да го држите лаптопот само за екранот, бидејќи тоа е најкршливиот дел. Кога го отворате не треба да го стискате или да го туркате само на една страна затоа што може да се свитка со тек на време. Отворајте го нежно држејќи го на средина.
Тргнете го од магнети
Секој хард диск содржи магнети за чување на податоци, па ако го ставите лаптопот во близина на моќен магнет, може да предизвика некои пречки и губење на податоци.
Вадете го полначот правилно
Дури и кога се брзате, бидете внимателни. Агресивните и брзи движења може да го уништат кабелот и портата каде што влегува во лап топот, а потоа ќе имате проблеми при полнењето.
Користете футрола
Футролата за лаптоп треба да биде мека без остри делови. Ако го носите лаптопот во ранец со други работи и без футрола, може многу брзо да се оштети.
Чистете го екранот правилно
За чистење на екранот не треба да користите обична крпа и вода, туку микрофибер и посебно средство за лап топ. Не стискајте многу при бришење.
Исклучувајте го
Не оставајте лаптопот да работи цел ден доколку не работите на него. Постојаната работа го оптоварува хард дискот и го оштетува системот за ладење. Ако го користите почесто во текот на денот, користете Sleep Mode.
Држете ги пијалаците настрана
Сигурно често ви се случува да пиете кафе, вода или чај додека работите на лаптоп, но обидете се да не го правите тоа, бидејќи посебно топлите пијалаци може многу да му наштетат дури и ако се истурат во мала количина. Исто така, не треба да ставите топли шолји врз него.
Знаци кои покажуваат дека нешто не е во ред со лап топот:
- Работи многу гласно и бавно
- Кочи дури и на обични функции, како пишување текст
- Испушта чудни звуци при вклучување
- Се рестартира без вие да дадете команда
М. М. | Црнобело