Корисни интернет страници кои можеби не сте ги знаеле
Сите секојдневно поминуваме многу време во прелистување на различни интернет страници. Изборот е голем и има за сечиј вкус по нешто.
Но, убаво е одвреме-навреме да излеземе од вообичаената рамка и да се информираме за нешто ново и различно.
Постојат многу интернет страници и секој се измислуваат нови, сè со цел да ни го олеснат секојдневието.
Следниве интернет страници е добро да ги знаете бидејќи може да ви се најдат, а за дел од нив сигурно не сте слушнале:
Noisli
Ако имате проблеми со спиењето или не можете да се сконцентрирате поради бучава, оваа страница е за вас.
How Long to Read This?
За сите кои планираат да почнат со читање на некоја книга, а не знаат колку страници има или за колку време се чита, на оваа страница можат да ги најдат одговорите.
Do Nothing for 2 Minutes
Можеби ви звучи смешно, но стресот од секојдневието може да има многу негативни последици. Ова е најкраткиот начин да се опуштите.
My Fridge Food
Одлична интернет страница на која можете да ги напишете сите производи што ги имате во фрижидерот и да прочитате рецепти кои можете да ги направите со нив.
Coolors
За сите оние кои сакаат да го преуредат домот или работат на некои креативни проекти, преку оваа страница ќе можат да комбинираат различни нијанси на бои и да прикачуваат фотки од она што го сработиле.
Chordify
На оваа интернет страница можете да прикачите кое било видео од YouTube и ќе ви излезат акорди за да можете да ги отсвирите песните на гитара, како и ноти за оние кои свират на пијано.
Radio Garden
Ако некогаш сте се прашувале каква музика се слуша на радијата во различни земји низ светот, одговорот ќе го најдете на оваа страница.
StillTasty
Не знаете дали на јајцата во фрижидерот им поминал рокот? На оваа страница има информации за тоа колку долго може да се чуваат различни типови на храна и пијалаци.
Muscle Wiki
Одберете дел од телото кој сакате да го зацврстите и Muscle Wiki ви дава вежби и упатства како да го направите тоа.
М. В. | Црнобело