Помалку игри, повеќе медитација: Кои мобилни апликации ве прават несреќни?
Можеби сте уверени дека играњето Candy Crush и бескрајното скролање на Facebook ве исполнуваат со среќа, но всушност, тие се наоѓаат на врвот од листата на апликации кои се најлоши за вашето ментално здравје и внатрешниот мир.
Порталот „Time Well Spent“ спроведе истражување помеѓу 200.000 корисници на iPhone, дознавајќи кои се мобилните апликации што се корисни, односно штетни за луѓето, кога е среќата во прашање.
За таа цел, го следеле времето што испитаниците го минуваат пред екранот на телефонот, испитувајќи притоа како истото се одразува на нивното расположение и емоции, пренесува Harper's Bazaar.
Очекувано или не, платформите за запознавање, социјалните мрежи и онлајн игрите се апликациите кои луѓето ги прават најмалку среќни.
На самиот врв од листата на апликации поради кои луѓето се чувствуваат несреќно се најде Grindr, но застапени се и Tinder, Facebook, Instagram и Snapchat, каде корисниците постојано се изложени на (п)одбивање врз основа на физичкиот изглед.
Според добиените резултати, мобилните апликации кои најнегативно влијаат на среќата на корисниците се:
- Grindr
- Candy Crush Saga
- Candy Crush
- Tweetbot
- Tinder
- Subway Surf
- Two Dots
- Snapchat
- 1010!
- Clash Royale
Од друга страна, апликацијата за медитација Calm, која на корисниците им овозможува подобро да се одморат, прогласена е за „најсреќна“ од страна на корисниците.
Меѓу мобилните апликации кои исто така предизвикуваат позитивни емоции се наоѓаат и тие поврзани со музика, фитнес и организација.
Според добиените резултати, мобилните апликации кои најпозитивно влијаат на среќата на корисниците се:
- Calm
- Google Calendar
- Headspace
- Insight Timer
- The Weather
- MyFitnessPal
- Audible
- Wave
- Amazon Music
- Podcasts
- Kindle
- Evernote
- Spotify
- Weather
- Canvas
Откако знаете кои се апликациите кои ви го трошат времето, а намалуваат самодовербата, на вас е да одлучите дали ќе го прочистите мобилниот телефон од нив, или, пак, не.
М. А. | Црнобело