Едноставни трикови за вашиот смартфон кои треба да ги знаете
Ајфон 8 и новиот Самсунг Галакси се веќе овде, но сите ние веќе го имаме нашиот џебен пријател кому сè уште не сме му ги откриле целосно можностите кои ги нуди.
Некои можеби веќе ви се познати, но во секој случај, прочитајте ги следните неколку совети со кои полесно ќе ги откриете можностите на вашиот паметен телефон:
Слаб сигнал на телефонот
Кога не можете да добиете сигнал од операторот тука е на помош Airplane Mode. Само вклучете го и почекајте неколку секунди и би требало да добиете сигнал.
Изгубено и најдено
Наместете го вашиот lock screen да покажува резервен телефонски број и мејлот. Вака, доколку го изгубите вашиот мобилен телефон додека уживате на плажа, чесниот пронаоѓач ќе може да ве најде за да ви го врати.
Селфи фотки
Вашите слушалки се одлични за слушање музика и повици на мобилниот телефон, но можат да бидат и копче за фотографирање за вашата камера. Само притиснете го копчето за зголемување на звукот и подготвени сте за следната фотографија.
Звучник за вашиот смартфон
Немате bluetooth звучник? Нема проблем. За да ја зголемите јачината на музиката од вашиот мобилен доволно е да го ставите во пластична чашка за кафе. Ова може да ви се најде и доколку имате потреба од погласен аларм за будење.
Итна потреба за полнење на мобилниот
Сè додека го имате кабелот за вашиот мобилен телефон, немате проблем. Само вклучете го кабелот во USB портата на телевизор или лаптоп и добивате полнач за вашиот смартфон.
(О)Милена | Црнобело