6 смартфон апликации кои ќе ве поштедат од експериментирање со фризура, шминка, облека...
Порано за да можете да видите како изгледате ако промените на пример, боја на коса, ќе моравте да си ја фарбате косата и дури потоа да видите дали ви стои или не.
Сега не мора да експериментирате на себе, туку за тоа постојат апликации кои ќе ви помогнат.
Овие апликации ќе ви се најдат, доколку сакате да го промените својот изглед:
За додавање на шминка: YouCam Makeup
100 милиони симнувања се доказ дека ќе станете зависни од оваа апликација.
За виртуелно лакирање: Virtual Nail Salon
Со оваа апликација можете да испробувате разни дизајни и бои на лакови.
За промена на фризурата: Hairstyle Makeover
Не знаете како да си ја промените фризурата? Со оваа апликација можете да видите која фризура ви стои најдобро.
За промена на бојата на коса: The Color Hair Shanger
Лесно можете да проверите дали добро ќе ви стои црвената коса или не.
За совршено лице: Perfect 365
На било кога фотографија можете да имате совршено мазна кожа.
За пробување облека: MyDressing
Откријте какви сè комбинации можете да направите со својата облека.
Н. Г. | Црнобело