Паметно решение - семафори на земја за сите што нон стоп гледаат во телефон
Еден холандски град реши да воведе нови необични светла за оние кои не внимаваат на семафорите додека зјапаат во своите мобилни телефони.
Холандскиот град, Бодегравен, сега има светла како ленти на земја за луѓето кои гледаат во својот телефон, додека се учесници во сообраќајот, можат да видат дали им е зелено за поминување или треба да почекаат автомобилите да поминат пред нив.
Светлата се дело на „HIG Traffic Systems“, локална градска компанија, која се надева дека идејата ќе се прошири и во други градови, па и земји.
Од компанијата велат: „Употребатата на смартфони од страна на пешаците и велосипедистите е голем проблем. Трамваите редовно мораат да прават итно сопирање за некој кој гледа во телефонот наместо пред себе.“.
Од таа гледна точка, ваквите светилки се одлична идеја.
Но, од друга страна пак, некои тврдат дека на тој начин пешаците дополнително се бодрат да продолжат да гледаат во својот телефон.
„Не сакаме луѓето да гледаат во својот телефон додека се соучесници во сообраќајот и се движат наоколу. Луѓето треба да гледаат околу себе и да проверат дали автомобилите сопираат на црвено, пред да поминат на пешачки“ - велат од холандската Асоцијација за безбедност во сообраќајот.
Што мислите вие? Дали овие семафори се добра идеја?
Н. Г. | Црнобело