Зошто на iPhone смартфоните snooze опцијата трае 9 минути?
Дури и да сакате некоја минута повеќе, невозможно е да ја добиете наутро, ако се будите со алармот на iPhone.
Точно имате 9 минути од едно до друго притискање на snooze опцијата.
Зошто баш 9? Зошто не 10?
Во времето кога snooze опцијата била откриена, околу 1950-тите, алармите, односно часовниците биле сиромашни со опции и механизми.
Па, 10-минутното snooze било невозможно, односно временскиот интервал бил премногу долг. Плус, научниците сметале дека 10 минути се доволни за луѓето да се успијат, па повторното будење да биде тешко.
Иако модерните смартфони и уреди немаат механички проблем и ограничување, дизајнерите сметале дека 9-те минути биле некаков стандард, па до ден денес останале како мерка.
М. Д. | Црнобело