Функции на Андроид системот кои веројатно не сте ги знаеле, а ќе ви користат

Со оглед на тоа колку време поминуваме на нашите мобилни телефони, чудно е како сè уште некои од функциите ни се непознати.

funkcii-na-android-sistemot-koi-sigurno-ne-ste-gi-znaele-a-kje-vi-koristat-01.jpg

Ви покажуваме 7 работи кои можат да бидат многу корисни, а претпоставуваме досега ги немате употребено:

1. Зачувајте ја батеријата

Најновите модели на телефони имаат големи екрани кои побрзо ја трошат батеријата. Но, доколку одберете темна позадина на вашиот телефон ќе забележите дека батеријата ви трае многу подолго од порано.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele

2. Барајте и пишувајте само со вашиот глас

Оваа корисна опција можете да ја најдете во менито преку Settings -> Accessibility и потоа активирајте ја Text-to-Speech Output опцијата. Ќе ви заштеди многу време и ќе можете да правите други работи додека пишувате.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele.2jpg

3. Употребете го телефонот како далечински управувач

Оваа опција лесно се активира доколку вашиот телефон поддржува IR - технологија. Симнете ја апликацијата AnyMote Smart Remote. Ова функционира врз секој апарат во непосредна близина кој ја поддржува истата технологија.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele.3jpg

4. Guest mode

Доколку некој друг сака да го користи вашиот телефон, а не сакате да има пристап до приватните информации, со прстите од горе надоле повлечете и на екранот доле ќе ви се појави опција како на сликата. Селектирајте ги оние делови кои дозволувате да се користат.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele.4jpg

5. Зголемен екран

Доколку имате проблеми со видот, ова ќе го олесни проблемот. За да го зголемите екранот одете во Settings -> Accessibility -> Magnification gestures.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele.5jpg

6. Користете го вашиот телефон како модем

Вашиот телефон може да биде и 3G модем за други апарати во просторијата. Одете во Settings -> Tethering and portable hotspot и потоа стиснете Portable WLAN hotspot.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele.6jpg

7. Контролирајте го телефонот само со мрдање на главата

Понекогаш кога рацете ви се зафатени, а потребно ви е да видите нешто од телефонот, ви покажуваме едно идеално решение. Инсталирајте ја бесплатната апликација EVA Facial Mouse и видете како ќе функционира.

8-funkcii-na-android-sistemot-koi-ne-ste-gi-znaele.7jpg

И. И. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg