3 изуми кои го штитат дисплејот на мобилниот од кршење

Најголемата маана на новите телефони и други слични уреди е тоа што имаат екрани на допир кои лесно може да се изгребат и може да се скршат. Само еден мал пад, може да резултира со целосно уништен и неупотреблив екран на телефонот.

3-novi-pronajdoci-za-zashtita-na-ekranot-na-mobilniot-telefon-1.jpg

Екраните може да се заменат, но цената неретко е премногу висока, па дури и неисплатлива.

Затоа, наместо да се соочите со ваква непријатна ситуација, подобро е да вложите во заштита на вашиот мобилен и да спречите поголемо оштетување.

Постојат неколку неверојатни нови пронајдоци кои ќе ви овозможат многу побезгрижно ракување со телефонот:

1. ProtectPax - Течна заштита за екранот

Нанотехнолошката иновација на ProtectPax нуди уникатна проѕирна течност со универзална намена, која лесно се нанесува на било кој екран на допир. Доволно е цврста и штити од гребнатинки и пукање на екранот до 12 месеци по нанесувањето. Течноста е водоотпорна, има и антибактериско дејство, а го редуцира и електромагнетното зрачење за 92,7 %.

3-novi-pronajdoci-za-zashtita-na-ekranot-na-mobilniot-telefon-2.jpg

2. Peek Screen

Иновацијата е наменета само за поновите iPhone модели, а се работи за заштитна стаклена облога со осум карактеристики. Освен што нуди заштита од физички оштетувања, на уникатен начин ја штити и приватноста на сопственикот. Гледано од страна, не може никој види што во моментот гледате и правите на Вашиот мобилен телефон.

3-novi-pronajdoci-za-zashtita-na-ekranot-na-mobilniot-telefon-3.jpg

3. Halo Back

3-novi-pronajdoci-za-zashtita-na-ekranot-na-mobilniot-telefon-4.jpg

Ова е уште еден изум наменет за iPhone телефоните, а се работи за паметна заштитна облога на екранот која воедно има и дополнително „Back“ копче. Ова се смета за практичен додаток затоа што нема да мора да правите многу движења со прстите по екранот за да вратите претходна содржина, ќе заштедите време, а со тоа ќе ја намалите и можноста да го испуштите телефонот од рака.

На видеото може да погледнете како функционираат овие заштити.

https://www.youtube.com/embed/YTNjbUNVB9U

Е. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg