Вашиот iPhone е 18 пати повалкан од јавен тоалет - 3 начини како да го исчистите

Дали знаете дека вашиот iPhone е 18 пати повалкан од јавен тоалет? Да, токму така.

3-nacini-kako-da-go-izcistite-vashiot-iphone-01.jpg

Тоа значи дека почесто треба да го чистите, ама истиот може лесно да се оштети од средства за чистење. Па, како правилно да го исчистите без да го оштетите?

3 работи кои вреди да ги земете предвид:

1. Препораки на „Apple“

Најмалку ефикасното решение е она кое се препорачува од „Apple“, подразбира да користите мека, малку влажна крпа за да го бришете телефонот.

„Apple“ исто така, сугерира да избегнувате растворувачи, аеросол, спрејови, средства за чистење низ дома, средства за чистење на прозори и било какви абразивни средства, бидејќи истите ја оштетуваат глазурата против замастување на екранот која спречува да се појавуваат дамки на дисплејот.

Проблемот со препораката на „Apple“ е што не ги отстранувате бактериите од телефонот.

2. „Направи сам“ метод

Поефикасно решение, кое не е безбедно за вашиот телефон е да подготвите смеса од 40% изопропил алкохол и 60% вода и да користите микрофибер крпа за бришење задниот дел на телефонот.

За да ги исчистите дупките на телефонот, натопете стапче за уши во смесата и така бришете го телефонот.

Но, внимавајте, дисплејот не смеете да го бришете со оваа смеса, бидејќи ќе го оштетите.

3. Метод со UV светлина

Единствената опција која е истовремено и безбедна и ефикасна е да употребувате UV светлина.

Изложувањето на клетките на UV светлина на подолг период ги оштетува ДНК-то на бактериите до тој степен, што повеќе сами не можат да се обноват.

Но, ваквите производи знаат да бидат скапи.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg