Зошто оваа тоалетна школка чини 10.000 долари?
Дали сте убедени дека тоалетната школка е едноставна направа на која не ѝ треба многу креативност? Дека таа е обично парче порцелан во вашиот тоалет?
Тоалетната школка која чини 10.000 долари ќе ве разубеди во спротивното.
„Neorest“ е тип на тоалетна школка која нуди неверојатен комфор.
Капакот е моротизиран и има сензор да се отвори кога некој се доближува до школката.
Во самата школка, постојано тече мала количина вода за ништо да не се залепи на школката.
Седиштето е загреано.
Во самата школка има вградено биде кое се повлекува откако ќе ве исчисти, а покрај загреана вода се состои и од загреан воздух и фен заради што воопшто не ви е потребна тоалетна хартија.
Сите опции можете да ги контролирате со далечински управувач.
А, во самата школка имате и вградени сензори за пуштање на вода и празнење на школката за вие да не се мачите да притискате копче, плус вграден дезодоранс за просторот да не мириса непријатно.
Кога не ја употребувате школката, таа има посебна UV светлина која ги разградува останатите фекалии и бактерии.
Оваа тоалетна школка е дело на јапонската компанија „Toto“:
Н. Г. | Црнобело