20 грешки кои го намалуваат животниот век на лаптопите, мобилните, таблетите...
Многу често се случува по само половина година употреба на новиот лаптоп или паметен телефон, уредот да почне да се однесува чудно.
Тоа е така затоа што не се грижиме правилно за уредите со кои секојдневно ракуваме.
20 грешки и совети кои ќе го продолжат животот на таблетите, лаптопите и мобилните:
Полнење
1. Модерните литиумски батерии не мора да чекате да се испразнат до 0% за да ги полните.
2. За да го зголемите животот на батеријата најдобро е да го полните уредот секогаш кога можете, посебно кога ќе падне на 10 - 20%.
3. Модерните батерии не продолжуваат да се полнат ако се вклучени во струја, Кога батеријата ќе се наполни, струјното коло се прекинува, но тоа не значи дека треба да го заборавите телефонот. Најдобро е истиот да биде секогаш полн меѓу 40 и 80%.
4. Затоа, не смеете да купувате евтини батерии или да ги полните со usb кабел кој не доаѓа со соодветниот бренд на телефон.
5. Избегнувајте ги ултра брзите полначи кои тврдат дека ја полнат батеријата за помалку од еден час.
6. Најдобро е батеријата на лаптопите и мобилните целосно да ја испразните на 0% еднаш во 3 месеци и повторно да ја наполните до 100%.
Температура
7. Кога го употребувате лаптопот, не треба вентилаторите да ги затворате со нозете или лежејќи на кревет. Лаптопот не смее да се прегрее.
8. Најголемиот непријател на литиумската батерија е температурата - таа воопшто не го толерира прегревањето.
9. Кога ќе влезете од ладна во топла просторија, лаптопот не го вклучувајте веднаш, почекајте околу еден час.
10. Обидете се да не го употребувате смартфонот на ладно. И ниските температури се штетни за батеријата.
Дисплеј
11. Директната сончева светлина на лаптопот предизвикува боите на дисплејот да избледат.
12. Внимавајте како ракувате со дисплејот на лаптопот - не го допирајте и не го притискајте со прсти.
13. Употребувајте специјални марамчиња за бришење на стаклото. Обичните влажни марамчиња трајно го оштетуваат дисплејот.
14. Пред да го затворите лаптопот, бидете сигурни дека нема надворешни предмети на тастатурата кои многу лесно можат да го оштетат дисплејот.
Молњи
15. За време на невреме, изгасете го компјутерот и исклучете го интернетот.
16. Ако ви паѓа напонот, најдобро е со компјутерот да си купите непрекинато напојување за заштита на опремата.
Чистење
17. Прашината штетно влијае на врските во телефонот. За да ја исчистите прашината, исклучете го телефонот и нежно исчистете ги дупките со стапчиња за уши.
18. Телефонот најдобро е да го чувате во посебен отвор во чантата за да не се допира со другите предмети.
19. Еднаш или двапати годишно, лаптопите и компјутерите морате да ги чистите и однатре, бидејќи се полнат со прашина која штетно влијае на деловите.
20. Ако се плашите сами да го отворите компјутерот и да го исчистите, контактирајте центар за сервис.
Н. Г. | Црнобело