Како да ја заштедите батеријата на телефонот?
Денес постои нов тип на глад, - се вика губење на батеријата на телефонот, посебно кога ви е најмногу потребен, а цел ден сте го поминале на Инстаграм, Фејсбук...
За некои полната батерија на телефонот е подеднакво важна и како потребата да останеме хидрирани, најадени и наспани.
Работата е во тоа што денешните батерии се навистина добри, важно е само да научиме како максимално да ги искористуваме.
Неколку начини на кои можете да си ја заштедите батеријата на телефонот:
1. Светлината направете да биде автоматска
Обично осветлувањето на дисплејот на телефонот го ставаме до максимум за да можеме подобро да гледаме, но секогаш подобро е да ја ставите на „auto“ за да заштедите на батерија.
2. Блутут
Блутутот ретко кога навистина ви е потребен, затоа, најдобро е постојано да ви биде исклучен, а да го вклучувате по потреба.
3. Вибрирање
Разбираме дека понекогаш многу подобро ви е да го ставите телефонот на вибрации за да можете да дознаете дека некој ве бара, без да се слуша рингтонот, ама тоа троши и повеќе батерија.
4. Постојана проверка на мејлови
Да, сакаме да знаеме кога ќе ни пристигне нов мејл, но кога телефонот го местите постојано да се „рефрешира“ и да проверува дали имате нов мејл, троши многу повеќе батерија. Проверувајте по потреба.
5. Употребувајте го помалку?
Можеби ви се чини како невозможна мисија, но понекогаш подобро е да се одвикнете од навиката телефонот постојано да ви биде во раце.
Н. Г. | Црнобело