Телефонот го оставате на полнач навечер? Тогаш погрешно го полните цел живот
Да знаеме, батериите на смартфоните се ужасни и траат едвај еден цел ден. Но, тоа е делумно и наша вина, бидејќи цел живот сме ги полнеле погрешно.
Многумина ги оставаат телефоните цела вечер на полнач, сметајќи дека така наредниот ден нема да треба да се грижат да не им се истроши батеријата.
Но, тоа е првата грешка која сите ја правиме.
Како правилно се полни телефонот? Време е да научите:
1. Не го оставајте телефонот на полнач кога е целосно наполнет
Со тоа што телефонот е полн, а сепак е на полнач, како на пример навечер, е лоша навика за самата батерија.
Кога еднаш батеријата ќе се наполни, тргнете го полначот. Тоа му доаѓа како релаксирање на мускулите после стресна вежба, велат експертите. И вие ќе се чувствувате мизерно ако вежбате непрестанато со часови.
2. Всушност, подобро не го полнете телефонот до 100%
Барем не кога не морате. Подобро наполнете 50-60 %, бидејќи високиот напон е стрес за батеријата.
Така можеби нема да ви издржи цел ден, но слободно можете да го ставите телефонот на полнач во текот на денот по потреба, што нè носи до следната точка.
3. Ставете го телефонот на полнач кога и да имате шанса
Се испостави дека батериите се многу „посреќни“ кога ги полните по потреба во текот на денот, наместо да ги оставите цела ноќ на полнач.
Полнете го телефонот кога ќе изгуби 10% од батеријата, тоа е најдобрата можна опција. Сосема е во ред да го ставите и извадите телефонот од полнач повеќепати во текот на еден ден.
4. Внимавајте на загревањето
Батериите на паметните телефони се чувствителни, па дури и Apple советува да ја извадите маската пред да го полните телефонот.
„Ако забележите дека уредот се загрева кога се полни, извадете ја маската. Исто така, внимавајте кога сте на сонце и чувајте го телефонот покриен. Тоа ја штити батеријата.“
М. Д. | Црнобело