Google развива апликација која ќе ја препознава калориската вредност на храната од фотографиите

Google во овој момент работи на развој на апликација која ќе биде способна да ја одреди количината на калории кои ги фотографираме со нашиот паметен телефон.

google-razviva-aplikacija-koja-kje-ja-prepoznava-kaloriskata-vrednost-na-hranata-od-fotografiite-01.jpg

Со помош на вашиот мобилен ќе имате можност да забележите колкава количина на храна и калории внесувате секојдневно и како намирниците кои ги употребувате влијаат на вашата силуета.

Станува збор за програмата наречена Im2Calories која ќе биде поврзана со социјалните мрежи како што е Instagram и таговите кои се врзуваат со храна како што е на пример, #instafood кои Gооgle веруваат дека ќе станат уште поупотребувани и користени.

Оваа апликација Google уште изминатата година ја купил од компанијата DeepMind која се занимава со развој на вештачка интелигенција.

Сè уште се работи на континуирано подобрување на апликацијата, но голема е сигурноста дека веднаш по нејзиното претставување ќе најде големи симпатии меѓу корисниците на паметните телефони и на оние кои се грижат за својата линија или пак сакаат да ја намалат тежината.

google-razviva-aplikacija-koja-kje-ja-prepoznava-kaloriskata-vrednost-na-hranata-od-fotografiite-1.jpg

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
5 апликации со кои можете да го контролирате времето пред екран на вашето дете Една од подобрите апликации е Qustodio, која ви овозможува да поставите дневни о...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg