Solaborate ја пушта во употреба новата десктоп апликација за Windows 8.1
Solaborate, првата социјална платформа за соработка посветена на професионалците од технолошката сфера, на 4ти септември даде зелено светло за симнување на бесплатната десктоп апликација за новиот оперативен систем Windows 8.1.
Новата апликација им овозможува на професионалците од сферата на технологиите да се поврзуваат со професионалци од целиот свет, да соработуваат и да бидат во тек со случувањата во технолошката заедница од целиот свет, а во исто време да остварат подобра поддршка за нивните производи и услуги. Апликацијата ги вклучува речиси сите карактеристики како платформата, директно на вашиот компјутер.
Апликацијата, која е изградена за професионалци од сферата на технологијата, ви помага да ја зголемите продуктивноста со нејзиниот познат интерфејс кој е лесен за користење:
- овозможува интерна и екстерна соработка, во реално време
- вашиот news feed ве снабдува со новости директно на live плочката на десктопот
- техничка поддршка за вашите производи и услуги од вашиот компјутер
- лесно споделувајте новости, фотографии, видеа, како и check-in од вашата локација
- испраќајте приватни пораки директно преку вашата листа на контакти, дури и кога тие не се online
- пребарувајте можности за вработување и аплицирајте директно од вашиот профил
Оваа апликација ви ја става технолошката заедница на само еден клик од вас, со пристап кој е многу побрз отколку кога би се вклучувале преку вашиот омилен пребарувач. Таа исто така ја олеснува поддршката на производи и услуги со тоа што ја поттикнува вашата мрежа на контакти да открива нови можности и да работи попродуктивно од сопствениот десктоп.
Дознајте нешто повеќе за Windows 8.1 апликацијата на Solaborate од ова видео и симнете ја од Windows Store.
Solaborate претставува повеќе од внатрешна комуникација во компаниите, овозможувајќи интеракција со експерти вон компаниите, потенцијални вработени, дури и клиенти. Фокусот на потребите на технолошките професионалци е она што ја истакнува Solaborate од другите социјални мрежи.