УСБ мини - рерна
Најмалата микровална релна на светот, која може да ја сместите во мала торба и која може да се приклучи на било кој компјутер во светот, наскоро ќе се најде...
... на пазарот.
Нејзин производител е прехрамбениот гигант Хајнц, од каде што изјавуваат дека оваа рерна која е пренослива може да се користи на вашето работно место, а најголема помош ќе им биде на студентите кои не можат да дигнат глава од учење.
Рерната исто така има батерија што овозможува нејзина употреба и кога изворот на напојување не е во ваша близина. Како што пренесуваат американските медиуми засега се работи само за прототип за кој производителот тврди дека е во склоп на сите норми за безбедност кои се пропишани за таков тип на куќен апарат.
Само една минута е доволна за загревање на сендвич, супа или некој друг топол напиток. Цената на овој апарат би требало да изнесува околу 160 долари, но компанијата Хајнц верува дека сериското прозизводство ќе овозможи и пад на цената.