Екстремно рециклирање - урина во вода за пиење
Кон крајот на идната година моменталниот број на членови на екипажот на Меѓународната вселенска станица (ISS) ќе се дуплира. Тоа би значело и поголеми количества храна, повеќе вода, а со тоа и, нормално, повеќе отпад.
Одговорот на овој предизвик НАСА го бара во развивањето на систем за рециклирање, кој ќе овозможи трансформирање на урината и другите течни отпади во вода за пиење. Според изjави на официјалните лица на НАСА, таа вода би била дури и почиста од водата која се користи во домаќинствата во САД.
Ваквиот систем, освен што ќе помогне во редуцирање на отпадот на Станицата, претставува и мерка со која би се намалиле севкупните трошоци на ISS. Имено, водата која се пренесува до станицата преку шатл е тешка и претставува голем трошок.
Со ваквото рециклирање, количеството на потребните прехрамбени
продукти на Станицата ќе се намали за 6800 кг годишно
Чистата и питка вода ќе се добива низ серија на хемиски процеси и филтирања на водата и течните отпади (урина, пот и остатоци од вода употребена при одржувањето на личната хигиена или при подготовката на храна). Така на пример, урината најпрво би поминувала низ процес на дестилација, кој би ја раздвоил течноста од гасовите. Потоа, таа би се помешала со останата отпадна вода и би се третирала со помош на преработувач на вода.
По отстранувањето на преостанатите гасови и тврди материи, течноста повторно би поминала низ процесс на филтрирање, со цел понатамошно прочистување, за да на крај се подложи на високо-температурни каталитички реакции за уништување на несаканите органски загадувачи.
Предвидено е вaквиот системот ќе биде донесен на ISS со мисијата STS-126, чие лансирање се планира оваа есен.
Извор: www.astronomija.com.mk