5 работи што не ги знаевте за iPhone 5

Со целото медиумско внимание насочено кон Apple по лансирањето на нивниот iPhone 5, веројатно мислите дека знаете сè што треба да знаете за последниот паметен телефон од оваа компанија.

5-raboti-sto-ne-gi-znaevte-za-iphone-5

Очигледно е дека е побрз, полесен, потенок и поубав, благодарение на поддршката за LTE бежичните мрежи и побрз А6 процесор, редизајнирано тело со полесни материјали и повисок 4-инчен екран. Тука се и новите камери и најновата мобилна платформа на Apple, iOS6.

Но, има многу повеќе за iPhone 5 - добро или лошо - што не сте го знаеле.

Побрзо Wi-Fi: За прв пат, iPhone сега поддржува dual-band 802.11n безжична конекција со додавањето на антена од 5GHz на уредот (која може да се најде и кај новиот iPod touch). Но, бидете свесни дека не покрива голема далечина како антената од 2.4GHz.

Префрлувањето на податоци не е побрзо: И покрај паметното име што Apple му го даде на новиот кабел, Lightning не ги префрлува вашите податоци побрзо од стариот кабел. Затоа, ако снимате многу HD видеа со вашиот iPhone 5 на вашиот компјутер, сè уште ќе биде со брзина на USB 2.0 (480 Mbps), што е 10 пати побавно од USB 3.0 (5 Gbps).

iPhone 5 е жежок (буквално): Слично со проблемите со новата (трета) генерација на iPad, iPhone 5 станува многу топол на допир на задната страна на апаратот откако ќе се занимавате со него одредено време - особено ако играте, или гледате видеа. Нема да ви ја изгори раката, но новата алуминиумска заднина значи дека ќе осетите голема топлина.

Доаѓаат Google maps? Иако корисниците ги сакаат навигацијата базирана на глас и 3Д пејзажите низ кои може да шетате, многумина тврдат дека нивната точност не е баш најдобра. Ако ги сакате Google maps назад можеби имате среќа. Apple имаат уште една година од договорот со Google за Google maps на iOS.

Подобар звук: Најверојатно знаете дека Apple има вградено комплетно нов EarPod звучен систем, кој е попогоден, поиздржлив и најважно, произведува подобар звук низ класичните бели слушалки. Но, телефонот има подобра аудио технологија, вклучувајќи три микрофони - еден напред, еден назад и еден на дното, кои заедно прават почист звук. Сепак, за да ја забележите разликата и двајцата корисници мора да користат iPhone 5, изјавија од Apple.

Би можело да ве интересира:

Како да ги отстраните малите гребаници на екранот на телефонот? Пастата за заби може да ви помогне да ги скриете малите гребаници на екранот, но...
Митови за iPhone кои не се точни (и можат да ви го расипат уредот) Ако исклучите Bluetooth ќе заштедите батерија и телефоните се отпорни на вируси ...
На што треба да внимавате кога купувате онлајн (за да не бидете измамени)? Иако купувањето од вашиот дом е најпрактично, сепак со себе носи и голем број на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg