EISA го прогласи HTC One s за Европски Social Media телефон за 2012 - 2013
ЛОНДОН – 15 август 2012: HTC Corporation, глобалниот дизјанер на смартфони, денеска објави дека нивниот широко прифатен HTC One S е прогласен за „Европски social media телефон за 2012 – 2013“ од страна на Европската асоцијација за слика и звук (The European Imaging Sound Association - EISA). Ова е второ вакво признание за HTC откако минатата година ја освои наградата во истата категорија за HTC ChaCha.
Како единствена асоцијација на 50 специјализирани магазини од 19 европски земји, EISA е светски најпрестижната група на списанија во мултимедијалната област. Секоја година главните уредници од сите членови на EISA се состануваат за да одлучат кои од производите анализирани во нивните изданија во текот на годината ја заслужуваат посакуваната награда на EISA.
„Европски social media телефон за 2012–2013“ е признание за одличната интеграција со социјалните мрежи кај HTC One S, поврзаноста со контакт листата, способноста на уредот да поврзува повеќе социјални мрежи на едно место, a притоа споделувањето содржини и социјалната интеракција да бидат подеднакво лесни.
Повеќе информации за HTC One S се достапни на http://www.htc.com/www/smartphones/htc-one-s/. Повеќе информации за EISA и за процесот на наградување можат да се најдат на http://www.eisa.eu/.
За HTC
HTC Corporation (HTC) е една од најбрзо растечките компании во индустријата на мобилни телефони. HTC ги става луѓето во центарот на сè што прави, така создавајќи иновативни смартфони кои подобро ги опслужуваат потребите и животот на поединците. Компанијата котира на Тајванската берза под ознаката 2498. Повеќе информации за HTC се достапни на www.htc.com.