Мобилен со ротирачка тастатура
Пред неколку години не можевме да напишеме оваков наслов, затоа што на пазарот постоеа неколку модели со ротирачка тастатура (или наслон, зависи...
...како гледате). Овој тренд пробува да го врати во живот познатата компанија PCD.
PCD TXT8030 од една страна има QWERTY тастатура, а копчињата се користат и за управување со мултимедијалните содржини. Значи се работи за помошник во работата, но и уред за забава - се во едно.
Штета е што само некои од спецификациите не се баш на ниво, на пример камерата е од 1,3 мегапиксели, но останатото звучи солидно: наслонот на дијагоналата е 2,2 инчи, Bluetooth и можноста за проширување на меморијата со микро SD картичка со капацитет од 16 гигабајти.
Овој уред во продажба треба да се појави во третиот квартал на 2009, но земајќи во предвид дека PCD не е присутна на нашиот пазар, речиси сигурно нема да го видиме во нашите продавници.