Како на Фејсбук, така и во љубовта
Можеби кај нас нема земено замав, но низ светот онлајн потрагата по љубов полека ги заменува класичните пуштанки во живо. Информациите за нечија возраст, висина и тежина не се никаква гаранција дека ќе си одговарате во врска, па Tawkify ќе ви бара партнер според поинакви критериуми.
Користејќи ги рангирањата на Klout извлечени од вашите онлајн навики, оваа агенција ќе ви најде соодветна личност со која телефонски ќе ве поврзе пред да се изјасните дали сте заинтересирани за вистинска средба. Ако сте објавиле сѐ за себе на некоја од социјалните мрежи и ако веќе сте решиле да си барате партнер преку интернет, тогаш не може да се лутите што вашиот шарм ќе се оценува компјутерски, преку системот на Klout.
Овде се мери вашето влијание врз виртуелните пријатели: на колку луѓе им влијаете (колкумина реагираат на вашите статуси и/или ве следат на twitter), колку многу им влијаете (колкумина одговараат на вашите пораки и статуси и/или ги споделуваат вашите објави на своите профили).
Од Tawkify велат дека повеќето луѓе лажат кога треба да ги откријат своите тежина, висина или деловен успех, ама затоа реултатите од Klout се објективни и на скала од 0 до 100 покажуваат колку сте софистицирани, информирани, популарни и посакувани.
Воопшто не ни треба доказ дека ваквиот систем е безличен и бесмислен, но интересно е да се провери. Од Tawkify би ве споиле со жена која е високо рангирана на Klout, зашто тоа покажува дека ви нашле идеална партнерка со која ќе може да разговарате за сѐ и сешто.
Во тој случај, подгответе се за состанок со Betty White која има цели 90 години, а благодарение на twitter профилот и високи 73 Klout поени! :)