Знаци дека телефонот можеби ви е хакиран (или некој се обидува да го хакира)
Ви се појавуваат нови апликации на телефонот
Ако на телефонот забележите нова апликација која не сте ја симнале самите, препорачливо е да ја пребарате на интернет.
Со ова ќе откриете дали е нова апликација од самиот систем на телефонот, или знак дека некој ви го хакирал.
Ве потсетуваме и никогаш да не симнувате апликации од непроверени места.
Апликациите и телефонот не функционираат како што треба
Ако апликациите често ви се гасат, телефонот ви „замрзнува“ и имате други слични проблеми, можно е телефонот да ви е хакиран.
Имајте на ум и дека некогаш ова се случува кај постари телефони, па најдобро консултирајте се со експерт.
Имате проблеми со сигналот
Сосема нормално е одвреме-навреме да се јават проблеми со сигналот.
Но, ако ова зачести, голема е веројатноста да станува збор за хакерски напад.
Чудни пораки и повици
Ако добивате повици од чудни броеви или пораки со линкови и слично, немојте да одговарате на нив ниту, пак, да кликнувате на линковите.
Неретко ова е всушност обид на хакер да допре до вашиот смартфон.
Дури и ако добиете порака која тврди дека е од министерство или нешто слично, подобро игнорирајте ја или контактирајте ги надлежните за да се осигурате дека е релевантна.
Ова важи и за мејлови – никогаш не кликајте на линкови ако мејлот е испратен од непозната личност.
Спирова С. | Црнобело