Кејт Мидлтон позира со децата по повод Денот на мајката, кралот Чарлс првпат го одбележа празникот без мајка му Елизабета
- Детали
- недела, 19 март 2023
Кејт Мидлтон сподели две фотки со нејзините деца по повод Денот на мајката, додека кралот Чарлс првпат го прослави празникот без мајка му и сподели стара фотка со неа.
Во многу земји ширум светот, вклучувајќи ја и Англија, денес, 19-ти март, се празнува Денот на мајката.
Пo повод празникот, Кејт Мидлтон сподели слатки портрети со нејзините деца.
За кралот Чарлс, пак, ова е првиот Ден на мајката без кралицата Елизабета и ѝ оддаде почит со Инстаграм објава.
На првата фотка, Кејт Мидлтон седи на дрво заедно со принцот Џорџ, принцезата Шарлот и принцот Луи.
Втората фотка е само со Кејт и најмалиот син – принцот Луи – кого таа го држи во раце.
„Среќен Ден на мајката од нашето семејство до вашето“, стои во описот.
На објавата на кралот Чарлс, тој сè уште е дете и стои во скутот на мајка му Елизабета. На истата објава има и фотографија од Камила и нејзината мајка.
„До сите мајки насекаде, до сите оние на кои можеби денес им недостасуваат нивните мајки, мислиме на вас и ви посакуваме посебен Ден на мајката“, стои во описот.
Спирова С. | Црнобело