Жена била сурогат мајка за другарка ѝ, која не можела да остане бремена поради рак на матка

„Две седмици пред дијагнозата, мојот живот беше нормален, немав никакви болки и одеднаш фокус стана мојот рак... Никогаш не мислев дека ќе добијам дете на овој начин, но сега мојот син е тука, прекрасен е и јас сум пресреќна“, споделува Кеси Буш (32) од Англија.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-01.jpg

Кеси Буш (32) од Англија во 2016 година добила дијагноза рак на матка. На доктор отишла поради крварење и ѝ кажале дека има рак, но и дека ракот веќе бил во понапредна фаза и почнал да се шири, па третманот со хемотерапија и радиотерапија ќе ѝ предизвика менопауза и таа нема да може да го износи своето дете.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-03.jpg

Затоа пред третманот, Кеси, која била во врска со Џек (31), донела одука да замрзне јајце клетки и ембриони за еден ден да може да има деца.

По месеци хемотерапија и радитерапија, Кеси била чиста и наскоро почнала да бара сургат мајка, кога нејзината пријателка Беки Сидел (31) се понудила самата да го износи нивното бебе.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-06.jpg

Трансферот на ембрионите бил направен кај Беки, која забременила од прва во септември 2021 година.

Беки веќе била мајка на две деца, па ова била трета бременост за неа.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-05.jpg

Бремeноста поминала без проблем и таа го родила синот на Кеси и Џек во мај годинава.

Кеси за британските медиуми вели:

„Две седмици пред дијагнозата, мојот живот беше нормален и одеднаш фокус стана мојот рак и почнав да размислувам за мојата иднина.

Не ни се веруваше кога Беки самата ни се понуди да го носи бебето за нас. Многу сме ѝ благодарни на неа и на нејзиниот сопруг Џејми - го имаме нашето мало човече благодарение на нив.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-07.jpg

Кеси, која воопшто немала никакви болки, пред дијагнозата рак на матка, вели дека не верувала дека ова е можно.

„За време на третманот за рак постојано си се шминкав, дотерував, славев Нова година и правев нормални работи. Моето семејство ми беше одлична поддршка и Џек постојано ме носеше на прошетки и се трудеше да ме развесели, кога ослабев многу за време на хемотерапијата.

Тоа беше тешко време за мене, но со поддршката поминав добро.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-04.jpg

Моето тело мина низ многу промени и конечно се чувствувам повторно своја.

Беки направи да се чувствуваме како дел од целата бременост, одевме на сите докторски прегледи со неа и вечно ќе ѝ бидам благодарна за ова неверојатно дело. Едноставно, не можам да ѝ заблагодарам доволно.

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-08.jpg

Никогаш не мислев дека ќе добијам дете на овој начин, но сега тој е тука, прекрасен е и јас сум пресреќна за моето неверојатно семејство.“

zhena-e-surogat-za-drugarka-i-koja-ne-mozhe-da-bide-bremena-poradi-rak-na-matka-02.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Моите деца се родија со 24 дена разлика – по 2 спонтани абортуси, останав бремена во исто време со ... „Лекарот ми рече дека немам потреба од ин витро. Јас останував бремена и не ми т...
Сопругот ја напуштил за 15-годишно девојче - Детали за тешкиот живот на Линда Еванс Ѕвездата од „Династија“, била сон на секој маж, но немала среќа во љубовта и со ...
Жена од Малезија 6 години се грижела за сопругот врзан за кревет - закрепнал и ја оставил за друга Кога на добра жена ќе ѝ се погоди лош и неблагодарен маж... Приказна од Малезија...
Ѝ се додворувал додека бил излезен со нејзина другарка, еднаш му раскинала - Помалку познати детали ... Доналд и Меланија Трамп се во брак од 2005-та година, а малкумина знаат како зап...
„Поради рак на дојка, не можам да имам деца – најдобрата другарка ми беше сурогат мајка“ „Отсекогаш сакав да станам мајка и по дијагнозата со рак, мислев дека ќе биде не...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg