„Париз е толку нечист“ - Сурови коментари за 11 туристички дестинации од посетители
- Детали
- вторник, 07 декември 2021
Коментар од турист за Маракеш во Мароко: „Можеби било добро да се посети пред 2000-тата година, но сега како да е Дизниленд верзија за да им се допадне на туристите од Западот. Облечени во костими се преправаат дека се пустински номади, половина од нивните рачни изработки се всушност евтина роба од Кина и не можете да направите 3 чекори без да ви се закачи некој измамник. Целиот град како да е некоја парада за да се извлечат пари од туристите.“
За добрите страни на туристичките дестинации слушаме постојано, но кои се негативните аспекти?
Од што се туристите најмногу разочарани?
Сурово искрени коментари од посетители за познатите туристички дестинации, објавени на Reddit:
Париз
„Париз е толку нечист. Не бев подготвена. Верував дека изгледа како во американските романтични филмови.“
Холивуд
„Отсекогаш замислував дека е град полн гламур. Но, не е!“
Маракеш, Мароко
„Можеби било добро да се посети пред 2000-тата година, но сега како да е Дизниленд верзија за да им се допадне на туристите од Западот. Облечени во костими се преправаат дека се пустински номади, половина од нивните рачни изработки се всушност евтина роба од Кина и не можете да направите 3 чекори без да ви се закачи некој измамник. Целиот град како да е некоја парада за да се извлечат пари од туристите.“
Манила
„Сообраќајот беше ужасен и беше многу нечист. Убави згради, но целокупното искуство беше стресно.“
Нијагарините водопади (Њујорк и Онтарио)
„Не знаев дека водопадите ќе бидат во град. Мислев дека се во национален парк. Целото место изгледаше како џиновски шопинг центар.“
Пекинг
„Видов неверојатни работи, но бев заплашена од бројот на вооружени лица за безбедност насекаде, од бројот на измамници и од турканиците во метрото, како и допирите поради интересот поттикнат од тоа што сум девојка со светла кожа и виткана коса.“